Post Views: 2
Раскрсницата кај основното училиште Христо Узунов се регулира само со сообраќајни знаци. Граѓаните загрижени за својата безбедност. Од секторот за сообраќај и улици велат, тоа е во нивна полза.
Ова можеби ви изгледа малку нелогично, но е дел од објаснувањето што го добивме од Локалната на прашањето зошто овие семафори веќе години наназад не функционираат. Раскрсницата на која поминуваат голем број деца, е регулирана само со сообраќајни знаци. Зоран Шикалески, од секторот за сообраќај и улици вели дека безбедноста на граѓаните се загрозувала ако работат семафорите. ...
Post Views: 3
Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година. Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески. Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен...
Post Views: 10
Охридската чаршија спаѓа во строго заштитена споменичка целина на градот. Секоја измена во таа зона, дали се работи за доградба, надградба или санација на фасада на објекти, треба да помине низ повеќе институционални филтри, секако со уредно доставена проектна документација од страна на барателот на услуга. Од страна на Завод и Музеј Охрид, како една од релевантните страни за добивање зелено светло за видоизменување на објектите кои спаѓаат под заштита, директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека се работи по строго дефинирани правила согласно новите измени и дополнувања...
Post Views: 9
Пред Основниот суд во Охрид започна распитот на сведоците за најголемата бродска несреќа во водите на Охридското езеро.
Прв сведочеше, Горан Балески, кој заедно со неколкумина колеги, бил дел од тимот нуркачи задолжени за извлекување на телата од жртвите. И Балески и Милутин Секулоски кој исто така бил дел од тимот, пред судот изјавија дека на дното затекнале како еден од прозорите од долната палуба на бродот како изваден од лежиште се наоѓал на дното од езерото.
Следуваше сведочењето на поранешниот капетан на Охридската капетанија, Златан Клечкароски. Тој кажа дека...
Post Views: 3
Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели немаат економска исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари. Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму каде што не плаќаат пари...
Post Views: 1
Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот.
Долгоочекуваниот кредит кој треба да ја спаси општината од наследениот долг, доби зелено светло од советниците на Охрид. Една од причините поради која нашиот град сеуште не влегол во втората фаза од децентрализацијата е токму финансискиот долг спрема фирми во државна сопственост. Се работи за условен кредит...
Post Views: 0
Потресна реконструкција на кобниот 5-ти септмеври, кажана од првообвинетиот, капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски. Денес пред Основниот суд во Охрид, искажувајќи сочувство на семејствата на починатите Филевски изјави: -„Подобро јас да загинев, отколку петнаесетмината патници“. Филески кажа дека на денот на несреќата тој лично како заповедник на бродот извршил дневен преглед на пловилото, вклучително и неговото машинско одделение.
„Не се чувствувам виновен, бидејќи бродото кај мене беше во максимално исправна состојба, се одржуваше редовно, се правеа контроли.....
Post Views: 6
Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог.
Да се спречат загубите кои ги трпи општина Охрид поради диво поставените тезги на кејот. Советниците на ВМРО-Народна со став-поставувањето на тезгите долж кејот на езерото да се стави во законски рамки. Минатата година, годишната програма за поставување на урбана опрема и покрај тоа што била едногласно донесена, нејзиното спроведување на дело одело многу потешко. Повеќето советници сложни околу...
Post Views: 3
Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани...
Post Views: 2
Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии, укажува Пеце Павловски од Агенцијата за вработување, советник на меѓуопштинскиот тим за пазар на трудот. „Суфицитарни се сите професии, ама најбарани со ниско образование се шивачите, заварувачите, и во лето келнерите и готвачите. Со високо пак, се најбарани информатичарите и градежните инжинери,“ објаснува Павловски. Статистиката за Југозападниот регион на земјава, во кој меѓу неколкуте...
Post Views: 26
Непосреден и искрен, секогаш достапен и разговорлив, Ерван Фуере го заврши својот мандат во Македонија. На прошталната забава организирана од страна на Локалната самоуправа од Охрид по повод неговото заминување, присутни беа градоначалниците на Струга и Охрид, преставници од советот на Општина Охрид, членови од здружението „Богојавление“ и охридските новинари. Тие поединечно му се заблагодарија за долгогодишната соработка и го почестија со Охридски сувенири. Фуере расположен како и секогаш, ги запеја и своите омилени охридски староградски песни.
„Јас бев длабоко почестен...
Post Views: 2
Македонците се присетија на кобниот 26.02.2004 год. денот кога се сруши претседателскиот Кингер и загина претседателот Борис Трајковски со 8 мината негови блиски соработници.
Со полагање венци пред спомен одбележјата ширум државава, но и кај Ротимље во близина на Мостар, беше одбележана седум годишнината од смртта на македонскиот претседател.
Годишнината од смртта на Трајковски и неговите соработници и членови на екипажот беше одбележана и во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
На неговиот гроб цвеќе положи неговото семејство, делегација од Кабинетот...