Годишнина од смртта на Борис Трајковски

Македонија одбележува седум години од смртта на претседателот Борис Трајковски. Семејствата на загинатите седум години живеат без одговори, загинаа во несреќа или беа убиени. Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска го посети местото на несреќата.

 |  Татјана Маленкова  | 
Boris Trajkovski
Борис Трајкоски

Македонците се присетија на кобниот 26.02.2004 год. денот кога се сруши претседателскиот Кингер и загина претседателот Борис Трајковски со 8 мината негови блиски соработници.

Со полагање венци пред спомен одбележјата ширум државава, но и кај Ротимље во близина на Мостар, беше одбележана седум годишнината од смртта на македонскиот претседател.

polozuvanje venec

Годишнината од смртта на Трајковски и неговите соработници и членови на екипажот беше одбележана и во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.

 На неговиот гроб цвеќе положи неговото семејство, делегација од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, собраниска делегација предводена од претседателот Трајко Вељаноски, како и претставници од Генералштабот на АРМ, Град Скопје и дипломатско-конзуларните претставништва во земјава и многу други граѓани

Исто така цвеќе се положи и на гробот на неговите соработници.

Александар Трајковски, братот близнак на Борисј Трајковски изјави дека додека тој е жив ќе верува дека неговиот брат е убиен.

Сопругата на Трајковски на овој ден не сакаше да зборува за сомневањата, истакнувајќи дека овој ден е за сеќавање и за оддавање почит.

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека истрагата за авионската несреќа при која загина поранешниот претседател Борис Трајковски за македонските власти не е завршена. Според Иванов комисијата која го води случајот ги собира сите документи, соработува со сите фактори и разговара со надлежните во Босна.

Иванов присуствуваше на церемонијата во Ротимље, во близина на Мостар каде се одбележуваше годишнината од смртта на Трајковски, кој загина во авионска несреќа во 2004 година.

Инаку  Поранешниот претседател Борис Трајковски беше голем афирматор на македонските интересите. Тој добиваше бројни признанија и пофалници од многу држави пред се поради пријателскиот однос што го имаше со нив.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top