pazar

Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли

Post Views: 0 Европа и натаму се соочува со опасната бактерија ешерихија коли. Откако се појавија информациите дека таа била пронајдена во краставици низ пазарите во Германија, продажбата на зеленчук, а посебно на краставиците нагло падна, дури имаше и забрани за нејзин увоз во некои земји. Во Македонија ваква опасност не постои. Всушност, според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април 2011 година изнесува 563.364 денари што претставува зголемување за 6,4 отсто во споредба со април 2010 година. И додека...

Continue reading

Проработи информативниот центар на Галичица

Post Views: 1 Информативниот центар на НП „Галичица“, ставен во функција. Управата на паркот веќе ги зазеде своите позиции во канцелариите на центарот, уште пред еден месец. Во тек е фазата на уредување на делот за посетители. Според најавите на директорот на паркот Зоран Ангелоски, до крајот на јули целиот објект треба да биде комплетно уреден и официјално да биде ставен во употреба за сите посетители. Изминатиот период во рамките на активности на националниот парк се случија многу работи. Една од нив е процедурата за обука на лиценцирани туристички водичи која е единствена од ваков...

Continue reading

Mr Balkan

Да се ослободиме од стравот на минатото

Post Views: 1 Австралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид. Австралиско...

Continue reading

pat

Платил комуналии и бара пристапен пат до домот

Post Views: 0 Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар. Проблемот започна пред неколку месеци кога неговиот сосед со судско извршно решение си  врати дел од патот кој беше нелегално асфалтиран од страна на Локалната самоуправа, а ТВМ информираше за случајот во неколку наврати. Сега соседот своето земјиште го...

Continue reading

Eva Ras

Ева Рас очекува улога во македонски филм

Post Views: 3 „Јас сум била и останувам актерка до крај на животот. Со распаѓањето на Југославија ништо не е како порано. Посебно на полето на драмската уметност“. Ова е дел од исповеста на познатата српска актерка Ева Марија Балаш – Стевиќ, вистинсакото име на Ева Рас. Познатата српска глумица Рас, пред камерата на ТВМ сигурна во себе изјави, дека и покрај годините што ги има, таа не се откажува од глумата и сеуште очекува предизвици на драмското поле. „Фала му на Господ се е в ред. Синиша Павиќ пишува улоги и за стари жени какао што сум јас, така да во Бела лаѓа имав фантастична...

Continue reading

krvodaritelstvo

Светски ден на крводарителството

Post Views: 11 Симболична крводарителска акција за одбележување на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Меѓу хуманите крводарители имаше и нови сили, но и вистински рекордери и ветерани кои несебично давале крв низ годините. Денес е посебен ден за крводарителите и за Црвениот крст од Охрид, но нашите активности не запираат во текот на целата година-вели претседателот на Охридскиот Црвен крст-Сашо Точков. 14 Јуни минува во знакот на црвената боја, во знакот на организациите на Црвениот крст, но пред се, во знакот на сите хумани луѓе кои несебично даруваат крв. Денес е Светскиот...

Continue reading

konferencija GO

Колку квалитетно работат граѓанските организации во нашата земја?

Post Views: 3 Иако во Македонија има над девет илјади граѓански организации, сепак останува голема резервата кај граѓаните во врска квалитетот на нивното работење како и квалитетот на услугите кои тие ги нудат. За истите да може да функционираат, потребни се финансиски ресурси. ЕУ издвојува средства преку ИПА инструментот, но локалното финансирање на ГО сеуште не е доволно развиено, вели Сунчица Саздовска од проектот за “Техничка поддршка за граѓанските организации” ТАКСО. Најголемиот број од нив, над 70% е лоциран во Скопје, каде функционираат и оние најактивните. Експертите сметаат...

Continue reading

konferencija

Регионална конференција за соработка на единиците за внатрешна контрола

Post Views: 1 Втора регинална конференција на министерството за внатрешни работи за соработка на единиците за внатрешна контрола. Гостите порасположени за разговор од домаќините. Поради тоа за темата и средбата проговори. „ Минатата година го имавме првиот дел од оваа конференција а во тек на таа конференција зборувавме за корупцијата во полицијата, начините за борба против истата за легислативата… и годинава се фокусираме на тоа како може да се воспостви регионална соработка за борба против ваквиот феномен“, истакна директор на оделот за рзвој на полиција ОПСЕ, Паоло Коста. Тој...

Continue reading

strajk so glad

Штрајк со глад во потрага по правда

Post Views: 10 Нема крај на тригодишните маки на семејството Спиркоски од Охрид. Откако пред три години им беше одземена куќата поради неподмирен заем, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Јовче Спиркоски е крајно незадоволен од правосудниот систем. Тој вели: „Охридскиот суд три пати проба да ми ја врати куќата, прво ми дадоа една привремена мерка, но кога во Битола истата ми ја поништи судијата Љубомир Бошески, ми дадоа втора времена мерка, која повторно судијата ја поништи. Вака може да оди 100 години.“ Спиркоски се прашува како е можно Охридскиот суд да пресудува во негова корист,...

Continue reading

vmro-np

ВМРО НП обвини: Власта примени невидени методи врз нашите членови

Post Views: 9 Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече  делумно се задоволни  од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски  тоа го објаснува како резултат од методите кои  ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани  и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие...

Continue reading

pontonski mostovi

T – Mobile брендира 6 плажи во Охрид

Post Views: 10 Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до  село Радожда. На овие локалции Македонски Телеком  о Т – Мобиле, поставија и telekom Hot Spot точки преку кои сите посетители ќе можат да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно...

Continue reading

staticki tocaci

Статичните велосипеди не успеваат да опстојат покрај Охриѓани

Post Views: 9 Статичните велосипеди тешко опстојуваат покрај Охриѓани. Сериозни оштетувања и делови кои недостигаат, можеби утре и целосно ќе ги снема. Уште кога беше најавено поставувањето на статичните велосипеди тие предизвикаа огромен интерес кај Охриѓани. Иако велосипедите требаше првично да ги привлекуваат холандските туристи, многу почести посетители беа Охриѓани. Нивното поставување уште во Март месец го најави амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини како дел од холандскиот парк кој заедно со споменикот на писателот Ден Долаард требаше да потсетува на Холандија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top