Post Views: 7
Богата програма и одлични реакции на публиката. Се потроши првата половина од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а првиот човек на фестивалот Илија Мојосовски, презадоволен од она што беше досега реализирано. Доказ за тоа вели Мојсовски е и посетеноста на овие настани. Како и секогаш кога станува збор за манифестација од ваков калибар проблеми, големи и мали и кај нас има, додава тој. Меѓутоа ние, истите ги решаваме во од, брзо и навремено, а со една единствена цел, публиката да не почувствува дека нешто воопшто и се појавило како проблем.
„Мислам дека во досегашниот...
Post Views: 5
Отворениот базен, ставен во употреба. Концесионерите на кои сеуште не им е истечен договорот, неколку години порано се откажаа од базенот и истиот повторно е вратен во владение на општина Охрид, поточно со него управува ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простор – Билјанини извори. „Им благодариме на концесионерите кои предвреме се откажаа од базенините и со тоа ни се укажа можност да распишеме тендер, одбереме изведувач и двата базени да ги ставиме во употреба“, вели градоначалникот Александар Петрески.
„ Се уредува околината затоа што со диската кои...
Post Views: 6
„Алмико“ од Вевчани, успешни на пазарот на охридско струшкиот регион. Тоа се должи на големиот ентузијазам на сопственикот на „Алмико“, Бошко Јанкоски, кој пред 4 години кога почнал со производство на прехранбени производи бил сигурен дека ќе успее во тоа. Словенската технологија и македонските фирми од каде ги набавува продуктите, исто така се дел од тој успех, бидејќи како што кажа Јанкоски досега работи со исти фирми. Тој вели дека не постои посебна тајна за успехот, треба само да се следат потребите на потрошувачите.
Јанкоски потенцира дека засега се единствени...
Post Views: 1
Попладнево, околу 14.30 часот на околу 150 метри од елитната туристичка населба Лагадин, се запали глисер. Претседателот на Црвен Крст- Охрид, Сашо Точков не информира дека нивниот брод амбуланта веднаш интервенирал на местото на несреќата. Екипата им пружила помош на три лица кои се наоѓале во глисерот, а неофицијално дознаваме дека станува збор за македонски државјани, кои биле со полесни телесни повреди. Само едно од лицата е префрлено на понатамошен третман во болницата за трауматологија и ортопедија “ Св. Еразмо Охридски“.
Д-р. Горан Балев беше дел од екипата...
Post Views: 7
Еден од најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“.
После неговиот спектакуларен настап во Карнеги Хол во Њујорк, сега и македонската публика ќе може да ужива во проширеното издание на овој негов концерт. Камерниот состав на Македонската филхармонија, под дирегентската палка на Саша Николоски – Ѓумар, како и голем број уметници гости, со своето учество ќе го збогатат ова несекојдневно музичко доживување.
Проектот „Love is the way“,кој својата премиера ја имаше во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16-ти април, сега и пред македонската...
Post Views: 1
Малиот Илинденски маратон ја доби својата завршница. Мирните води на Охридското езеро им помогнаа на пливачите во остварување на својата цел. Без особен напор, трката за учесници постари од 16 години заврши за околу половина час од својот старт, и доби старо-нови победници, додека нешто подоцна заврши и трката за пливачите од категоријата помлади од 16 години. По завршувањето и на втората трка сите учесници добија признанија за учество во Малиот Илинденски маратон, додека првите три места во двете конкуренции добија и медали за постигнатиот успех. За првите двајца пливачи...
Post Views: 24
Академскиот сликар, конзерватор и реставратор, Никола Упевче повеќе од 13 години се изразува во сликарската техника мозаик. Првиот мозаик, наречен желка, Упевче го изработил во 1999 година. Мозаикот како сликарска техника е познат од дамнина, а се изведува со составување на разнобојни повеќе или помалку правилни коцкички од камен, обоено стакло и глазирана керамика. Изработката бара сериозна подготовка, акција и организација, и кај него нема можност за корекција како во останатите сликарски техники. Според светската литература Македонија е земјата од каде што потекнува...
Post Views: 1
Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски...
Post Views: 0
Со скршено шише в рака, дваесетгодишна девојка вчера претпладне се обидела да спречи полицајци да го приведат нејзиниот 22 годишен невенчан сопруг.Настанот се случил во 10.30 часот во Охрид, на ул.„Сирма Војвода“ бб, при обид за приведување на А.И.(1989) од Скопје. Тогаш неговата невенчана сопруга А.П.(1991) со скршени стаклени шишиња се упатила кон нив и на краток период ги спречила да ја остварат намерата.Двајцата подоцна се приведени во Полициската станица во Охрид.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за...
Post Views: 0
Стефановски обајснува дека основа на вечерашниов концерт е балканската, македонска музика, но секако и класичните дела, како на пример на Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак, кои во себе имаат фолклорни елементи и се слични со традиционалната или етно музиката. Стефан Миленковиќ вели дека она што е несекојдневното за овој музички настан, е фактот на едно место ќе видите еден врвен гитарист и еден врвен виолинист, кои заедно чинат еден неверојатен спој.„ Мислам дека секој од нас е доволно индивидуален и креативен па така комбинацијата веднаш создава нешто ново. И тоа...
Post Views: 1
Охрид изобилува со културни случувања во летниот период. Од концерти, до фестивали и изложби, но почнувајќи од вчера вниманието посебно го привлекува традиционалната Илинденска едриличарска регата. Со бројните меѓународни натпреварувачи, регатата покрај својот рекреативен и спортски карактер, нуди и одлични можности за промоција на Охрид, надвор од границите на земјата.
Од вчера, во водите на Охридското Езеро започна 43то издание на традиционалната Илинденска едриличарска регата. Охрид најчесто го понесува епитетот „град на културата“, но Илинденската регата нуди одлична...