Post Views: 14
Охрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси. Ладното езеро не претставувало пречка за Топенчаров повторно прв да стигне до светиот крст, тој вели, во сета возбуда не се чувствува ладното. Ова е неговата тајна како да се стигне до крстот.
„Па ние сме пораснати со таа традиција, скокаме од мали деца, од најмала возраст, 12-13 години и ја негуваме традицијата...
Post Views: 6
Вида Огњеновиќ, големата дама на балканската и светската книжевност, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам. Огњенович, пресреќна што нејзините заслуги ја донесоа во друштвото на Икеда, Солженицин, Де Оливеира и другите лауреати на оваа награда.
„Па како прво многу се израдував, мислам дека и големо задоволство ми причинува фактот што претходните добитници на оваа награда се големи имиња во светот на културата во светот. Ми значи многу, прво да размислам дали навистина сум ја заслужила, и да ги пополнам оние места кои мислам дека недостасуваат во тие...
Post Views: 0
Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и државава и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици.
Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.Со...
Post Views: 2
Сашо Точко, му го честита кумството на Чифлиганец и му се заблагодари за неговото учество во хуманиот гест, вклучувајќи се во оваа акција. Точко вели дека изборот на 50 социјално најзагрозени семејства е направен според нивна селекција, скенирајќи ја состојбата на сите кои се пријавуваат. Тој се надева дека на овие семејства до година состојбата ќе им се подобри и ќе можат сами да допринесат за подобар живот, а со тоа и за подобра егзистенција. Воедно, Точко ги покани сите присутни, утре да бидат дел од атмосферата за фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро....
Post Views: 2
Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат...
Post Views: 0
Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....
Post Views: 1
Со оваа германско-македонска соработка во наредните две години ќе се обучат најмалку десет промотери кои ќе се стекнат со сертификат за менаџери за одржлив туризам. Исто така, друга важна цел на проектот е вклучување на претставници на поширокиот активен туристички сектор од Македонија, со кои веќе се остварија и првите контакти. Се надеваме дека овој проект во голема мерка ќе придонесе за туристичкит развој на Охридскиот регион, додава Рајн. Проф.Д-р Сашо Коруноски – Декан ФТУ Охрид истакна дека станува збор за соработка која трае 2-3 години и дека текот на оваа соработка...
Post Views: 3
Камбер Демирали на 24-ти декември го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секаков траг. Неговото семејство изгубило секаков контакт со него.
40 годишниот Демирали е глувонем. Роден е на 28 февруари 1972 година со адреса на живеење на ул. „Рахмут Рифат“, бр.7.
Се молат граѓаните кои имаат било каква информација за Камбер Демирали да го контактираат семејството на тел. 046/ 261 921.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Аплицирањето за добивање на електронски здравствени картички во Охрид тешко се спроведува. Ниту на охридските пензионери, ниту на матичните лекари не им се брза со поднесувањето на формуларите. Пензионерите како најголема група на здравствени осигуреници, во останатите подрачја со далеку поголем одзив од оној во нашиот град. Фондот за здравствено осигурување токму од оваа категорија не очекуваше ваков проблем, бидејќи оттаму претпоставуваа дека поради честите посети на матичните лекари, пензионерите ќе бидат оние кои најбрзо ќе ги поднесат своите формулари. Сепак реалноста...
Post Views: 3
Новиот кум, проф д-р Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за верската манифестација Водици од стариот кум Лотески. Познатиот стопанственик е 10-от кум по ред, избран од граѓанското здружение „Богојавление“ и е првиот кум што нема охридско потекло. Новиот кум не го криеше задоволството од честа која му е доделена. Истакна дека по ланското капење во езерските води на овој ден имал успех на многу полиња во животот. Кумот Чифлиганец сака прославата на Водици да ја зголеми со нови содржини. Покрај бројните подароци за среќниот фаќач на крстот и учесниците во оваа церемонија,...
Post Views: 1
„Покажуваме дека ФТУ од Охрид не се базира само на теоретски знаења туку во огромен дел и на искуството и практичните знаења што значи дека нашите студенти се спремни од утре да влезат во индустријата и стопанството и да работат“ вели Коруноски.
Во тек е и реализацијата на проектот за опремување на факултетите од овој универзитет, овозможен од Владата на РМ преку кој добиена е лабораториска опрема на неколку факултети во висина од над милион евра. Опремата ја добија Биотехничкиот факултет во Битола, ветеринарниот, Технолошко техничкиот факултет од Велес и Високата медицинска...
Post Views: 0
Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат. Периодот на силни распродажби и невидени попусти е во полн ек. Огромни натписи на излозите со кои се нудат производи намалени дури за 50%, речиси на сите дуќани во старата чршија. Но граѓаните реагираат, сомневајќи се во нивната реалност. Вангел Спироски од ОПМ од Охрид вели дека иако до нив сеуште не стигнала преставка од потрошувачите која се однеува на оваа проблематика, сепак јавувања и реакции има.„ Како има...