Post Views: 7
Од МЈП Проаква ги известуваат корисниците дека согласно законските прописи започнаа со постапката за наплата на надоместот за потрошена вода преку нотарите и извршителите и апелираат до корисниците доброволно да ги подмират своите долгови, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци за повторно вклучување во водоводната мрежа. Исклучени ќе бидат и оние корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на заостанатиот долг на рати.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Расте интересот кај невработените охриѓани за самовработување. Невработените лица кои редовно се пријавуват во центарот за вработување, имаат можност да аплицираат во повеќе проекти за започнување на сопствен бизнис. Така, од средината на декември се спроведуваше проектот „Самоврaботување – од идеја до бизнис“, со кој се даваше можност за формализирање на веќе постоечките бизниси. Иако апликациите по таа активна мерка завршија, интересот кај невработените e многу голем, објаснува директорот на центарот, Ване Баткоски.
„Доствени се пријавите во Скопје и веќе е...
Post Views: 2
Денес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот. 500 евра казна за родителите кои нема да дозволат вакцинирање со ХПВ вакцина, против рак на грлото на матката на нивното девојче. Кампањата, во Охрид, со катастрофален резултат, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. До основните училишта во земјава биле доставени известувања за задолжителна вакцинација на девојчињата од 12 до 14 годишна возраст, по што Директорите...
Post Views: 2
Охридско лето годинава со нови програмски селектори. Директорот на оваа национална установа Васко Василески поради завршување на договорите на досегашните уметнички селектори, донесе решенија со кои именува нови селектори. Од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на драмската дејност, за селектор на драмската програма е именуван Горан Стојановски-актер, продуцент и раководител на Охридскиот театар. Додека пак, функцијата селектор на музичката програма од оваа година ќе ја врши Маја Чанаќевиќ, солист на англиски рог и обоа, вработена во Македонската...
Post Views: 2
„Во целиот изминат период еден голем број од лицата кои се пријавуваат во евиденцијата и кои го зголемуваа бројот на невработени лица, со што повеќе или помалку се добиваше една искривена статистичка слика за бројот на лица кои активно бараат вработување. Задолжително беа принудени да се пријавуваат во нашата евиденција, во евиденцијата на невработени лица и покрај тоа што активно не бараат вработување, објаснува раквододителот на Центарот.
Оттаму, информираат дека само од месец август до крајот на месец декември минатата година, бројот на невработени лица од евиденцијата...
Post Views: 9
Еден од позначајните проекти за Завод и музеј за 2012 год е конзервација на археолошкиот локалитет Манчевци. Овој локалитет кој со сигурност ќе биде идна Охридска атракција, беше случајно откриен во 2008 год, но чекаше добри времиња за негова реализиација.
„Откриената многу значајна базилика со повеќе мозаични подови, ќе биде соодветно конзервирана, покриена со заштитен покрив, по што ќе биде презентирана пред јавноста“, вели директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа додава дека посетителите ќе можат да ја видат и посетуваат во секое време.
„Постоеја...
Post Views: 5
Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека добро се справуваат со снегот, бидејќи набавката на машините за чистење на снег како и количини абразив што ги предвиделе за сезонава, биле оправдани. Досега на охридските улици се фрлени преку 180 метри кубни песок и околу 50 метри кубни сол. „Не штедевме на средства и на човечки ресурси за граѓаните на Охрид да добијат адекватна услуга“, потенцира Алче. Улиците се третирале дури и кога не врнело снег, поради голомразицата, додава директорот. Само овој период потрошени се милион и двеста илјади денари за нафта, поточно трипати...
Post Views: 12
Како главен предуслов за подпросечниот број на пациенти со вирусни заболувања, Д-р Михаилов пред се го наведува бројот на примени вакцини против сезонскиот грип. Имено, од самиот почеток на сезоната на грипови, во Охрид се вакцинирани околу 2200 лица.
„Препораките кои што редовно ги даваме и кон граѓаните и кон останатите субјекти во градот дека треба да се придржуваат кон она што го викаме превентивни мерки. Да се носи топла облека, да не се изложуваат на екстремно ниски температури, да немаме групирање во големи групи во простории каде што можноста за пренесување...
Post Views: 0
Камуфлиран медицински отпад се најде во контењерите за комунален смет. Од ЈП „Охридски Комуналец“, загрижени за според нив, вака неодговорното однесување на сторителите на ова дело. Оттаму го посочија виновникот. Директорот на претпријатието Сашо Алче вели дека проблемот се провлекува неколку недели. Тој додаде дека веднаш после првото забележување на медицински отпад во контењерите на ул . Сирма Војвода во близина на охридскиот болнички комплекс, од страна на вработените во ЈП, најдобронамерно им било укажано на директорите. Чашата се прелеала во моментот кога и покрај...
Post Views: 2
„Најидеално решение за целиот здравствен систем во земјата а следствено и за македонската кардиологија е, да ние тој објект на поранешната детска болница го добиеме за нашите потреби. Да биде реконструиран и адаптиран за изведување на дијагностички и терапевтски процедури од областа на адултната кардиологија. Ние ветуваме и дадовме наши развојни планови со кои ќе овозможиме во тој центар да се развие и детска кардиологија“објаснува Бакрачески.
Оваа идеја во тек на месец мај минатата година, била дообработена од страна на стручните лица од Министерството за здравство...
Post Views: 11
Снегот кој интензивно паѓаше во изминативе денови во градот и околината не предизвика посеризони проблеми. Охрид е еден од најчистите градови во земјава, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Граѓаните, сопствениците на деловните простори и службите на ЈП „Охридски Комуналец“ совесно го испочитуваа Законот за јавна чистота, вели Танасоски.
„Задоволен сум во однос на дисциплината на граѓаните во расчистување на снегот пред своите домови и деловни простори. Комуналните редари и комуналниот инспектор секојдневно дежураат. Тие изрекле само 37...
Post Views: 17
Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино.
Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“...