Post Views: 12
Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило.
„Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме...
Post Views: 0
Безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач денеска претпладне во атарот на селото Рамне. Станува збор за тело на маж на возраст од 70-тина години. На местото на настанот на увид излезе екипа на СВР во присуство на овластени судски и медицински лица. Од СВР информираат дека на телото не биле пронајдени траги на насилство и додаваат дека според првите сознанија од увидот станува збор за природна смрт, што ќе биде потврдено по обдукцијата која ќе биде дополнително извршена.
Post Views: 7
Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...
Post Views: 2
Објектите градени помеѓу двете светски војни, нова атракција за туристите. Завод и музеј заедно со факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје скенираа 16 куќи во градов за кои ќе се изготви документација, а потоа ќе се изработи елаборат за нивна валоризација. Со овој проект ќе се донесат поединечни решенија за секој објект и ќе се одлучи каква ќе биде нивната понатамошна намена.Тања Паскали Бунташеска, директора на Завод и музеј вели дека сопственцте ќе имаат одредени поволости и ќе може да конкуаат за добивањефинансики средства за нивна конзервација...
Post Views: 6
За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...
Post Views: 1
Охрид кубури со дефектолози. На ова поле од ЛДП бележат поразителни статистички податоци. Од една страна тројца дипломирани дефектолози на подрачјето на општината, сеуште чекаат работа по нивната струка а од друга страна Локалната самоуправа и Централната власт вработуваат нестручни кадри. Ова е погрешна политика на двата субјекти вели потпретседателот на партијата Десанка Тасеска.
„Денес во која и да било земја членка на ЕУ постојат утврдени правила, што значи на определен број на деца со посебни потреби треба да биде соодветно застапен и определен број дефектолози....
Post Views: 2
Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот.
„Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден дел...
Post Views: 4
Во рамките на своите едукативни активности, а со цел да ја олесни подготовката и полагањето на матурските испити, општинскиот Црвен крст за матурантите од Охрид организира обука и подготвителни часови за матурски испит по англиски јазик. Часовите ќе се реализираат во просториите на Црвениот крст, а ќе ги води Мр. Зора Бушовска.
Заинтересираните матуранти, за подетални информации ќе можат да ја проследат презентацијата на програмата за подготвителните часови која ќе се одржи утре, среда, со почеток во 20 часот во просториите на Црвен крст Охрид.
{loadposition content9}
...
Post Views: 27
Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот.
„Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...
Post Views: 6
Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува...
Post Views: 3
Дел од поранешните закупци на охридските плажи реагираат дека конкурсот кој го распиша министерството за транспорт и врски не е фер и велат дека доколку не се промени нешто ќе го бојкотираат истиот. Категорични се дека уште од 2007 год, кога ги зедоа плажите под концесија, се соочија со неизградено земјиште, по што биле приморани да вложат многу за да го доуредат, со што самите си ја кренале цената на закупената плажа. Современи туш кабини, тоалети, платформи, лежалки, секојдневно чистење од смет, се дел од трошоците за кои концесионерите тврдат дека сеуште не им е вратена...
Post Views: 3
Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат. Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното...