Post Views: 2
За сите љубители на стенд уп комедијата, овој петок со почеток од 20 часот во Народен театар Охрид ќе се одржи Предновогодишна Импровокација.
Традиционално последната ИМПРОВОКАЦИЈА во календарската година не може да помине без награди од нашите пријатели: Зебра Продукција, Џез ИН, Шила, JJ Advеntures и Bro’s Burger Station – велат организаторите на настанот.
Карти во предпродажба по цена од 250 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 300 денари. Резервации на карти на телефонскиот број 075/283-066.
Post Views: 1
Невистинито е тврдењето во постот дека ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид, ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга).
Во постот што го рецензираме, а којшто е споделен на Фејсбук, преку неправилна интерпретација на два параметри...
Post Views: 8
Статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД и автор на Декларацијата за независност, ќе биде отстранета од Градското собрание во Њујорк, бидејќи Џеферсон бил робовладетел. Статуата беше поставена во салата на Градското собрание пред повеќе од еден век.
Американски медиуми јавуваат дека до крајот на годината статуата ќе биде преместена во една од салите на историското здружение на Њујорк.
Третиот претседател на САД Џеферсон ги претставува некои од најсрамните страници во долгата и нијансирана историја на нашата земја – оцени афроамериканката Адриен Адамс,...
Post Views: 2
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица –...
Post Views: 9
Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница. Моментално има 28 пациенти на болничко лекување, од кои 14 невакцинирани со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вакцинираните се во постабилна состојба, велат лекарите.
Во истовреме расте и интересот за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, вкупно се имунизирани 23 000 граѓани.
Јас сум задоволен од бројот и од одзивот на граѓаните е сега во смисол на гужва има бидејки не е со закаување на термини. И самите граѓани тука грешат бидејќи им се даваат...
Post Views: 2
За земјоделските и овошните култури добредојдени се снегот и температурата под нула степени во ова време од годината. Мразот може да ги подгори градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, како што се спанаќот, марулата и кромидот, но нема да претрпат трајни оштетувања, укажува охридскиот агроном Мирослав Трајчески. Ниските температури нема да имаат негативно влијание и врз земјоделските култури и овошките.
Во глобала е сеуште право време за ниските температури. Тоа е добро за да се одложи за подоцна почетокот на вегетацијата на растенијата. Штетата од мраз...
Post Views: 5
Специјалисти педијатри од скопската Клиника ќе работат на детското одделение во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.
Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита кој ќе им овозможи на специјалистите од сите здравствени установи да може да работат низ целата држава.
Оваа најава следува откако пред повеќе од еден месец, поради недостиг на педијатри детското одделение во Охрид работи само како амбуланта од 08 до 20ч. Итните случаи од Охрид за време на ноќта и викенди се препраќаат...
Post Views: 7
Зборот луцифераза има корен во латинскиот збор „Луцифер“, што значи осветлен. Иако ензимот луцифераза има слично име со „ѓаволот“- олицетворението на злото во многу религиозни приказни, единствената конекција меѓу луцифераза и „Луцифер“ е во коренот на нивните имиња. Не е вистина дека вакцините се генетска терапија. Вакцините се испитани, имаат поминато сеопфатни испитувања на репрезентативен примерок и се одобрени од многу медицински агенции и тела. Присуството на липидните наночестички во ковид вакцините не значи дека тие во себе може да содржат роботи или компјутери....
Post Views: 7
Група луѓе кои преживеале масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку Владата не ги исполни нивните барања.
Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.
Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња – објавија демонстрантите на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.
Поради конзумацијата на преработено масло од семе од репка во тоа време,...
Post Views: 23
Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест,како и пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување кај јужниот сосед, додека пак за оние кои не се вакцинирани или не прележале и патуваат со негативен тест, а доаѓаат од 16 конкретни земји меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани на влезните точки.
Согласно новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19″ што...
Post Views: 9
Завршува препораката за онлајн настава во училиштата во Струга и Кичево. Според министерот за здравство епидемиолошата состојба дозволува и во овие градови образовниот процес, од четврток да продолжи со физичко присуство.
Доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали треба продолжување или учениците ќе започнат со настава со физичко присуство – рече...
Post Views: 2
Сертификатите за прележан ковид 19 наместо досегашните 45 дена да траат 180 дена од датумот на позитивен ПСР тест. Исто така направена е анализа на сите случаи на хоспитализации и смрт во периодот од 1-31.01.2022 година.
Во периодот 1-31.01.2022, анализата покажува дека во анализираниот период само шест лица кои примиле трета доза вакцина, завршиле со смртен исход и тоа сите смртни случаи имале коморбидитети, како карцином, дијабет и кардиоваскуларни заболувања обезност – истакна д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
За целосно вакцинирани...