baner

„Макпетрол“ им помага на граѓните

Post Views: 0 Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед...

Continue reading

vraboteni komunalno

Ќе се штрајкува се до земање плата

Post Views: 0 Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест. „Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка...

Continue reading

gimnazija

Гимназијалците се обучуваа за семејно насилство

Post Views: 1 Средношколците од Гимназија се едуцираа за семејно насилство. Предавањата ги одржаа претставници од СВР, на проект од женскиот центар „Бисера“. Гимназијалците со внимание го следеа предавањето и покрај тоа што добро се информирани каде треба да се обратат доколку забележат случај на семејно насилство кај нивни соученици. Од „Бисера“ велат дека тие како женско здружение на проблемот за семејното насилство работат уште од 1995 год. Претседателката на здружението, Наде Мартиноска се сеќава дека на почетокот оваа тема била табу, но дека како изминувале годините многу се...

Continue reading

sindikati za siromastija

Пазарот на трудот и новата сиромаштија

Post Views: 15 Сиромаштијата на 7000 јазици го има исто значење. Во земјава индексот на сиромаштија изнесува околу 30%, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Денес во Хотелот Климетица во Охрид, синдикатите од земјава, и од ЕУ разговараа на оваа тема и разменаа искуства. Сиромаштијата е глобален феномен во светот, посебно кај нас, вели претседателот на УНАСМ Слободан Антевски. Додава дека од нивна страна се прави онолку колку што се може, во борба против овој феномен. „Имаме сиромашни и посиромашни од она што го имаме во одредени периоди меѓутоа неможеме во овој момент...

Continue reading

pat

Возачи внимателно

Post Views: 8 Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.Еден од нив вели: Секојдневно поминувам овде и тоа по неколку пати бидејќи живеам во Пештани. Многу е опасно. Се чудам како досега не се случила некаква несреќа. Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред пет години поставија заштитна...

Continue reading

treva

Пристигнаа крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по...

Continue reading

nikolovski

Охридските парламентарци во Трпејца

Post Views: 0   Во битката за профит, некој посегна по најсветите нешта, Македонската православна црква. Доказ за тоа е најновиот атак врз параклисот и светриот камен во туристичката населба Трпејца, реагираат пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, како и претседателот Атанаско Михаилов и координаторот на ОК Дејан Паноски. Николоски вели дека згрозени се од најновите случувања во Трпејца и дека се тука меѓу мештаните за да го решат проблемот. „Дополнително да биде иронијата уште поголема, тој кој што посегнал по оваа работа, е истиот кој што бесправно...

Continue reading

komarec

Комарците доаѓаат

Post Views: 5 Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот. „ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана...

Continue reading

penzi

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 0 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе...

Continue reading

државно земјиште

Општината спремна да управува со градежното земјиште

Post Views: 9 И на Општина Охрид и се смее златната кокошка, наречена неизградено државно градежно земјиште. Се поголем е бројот на општините од државава кои ќе се офајдат од оваа одлука на Владата, а тука некаде е и Охрид. Владата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Што се однесува до општина Охрид, постапката се наоѓа во финалната фаза. Локалната самоуправа од Охрид,...

Continue reading

канал

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 6 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Continue reading

Kiril i Metodij spomenik

Колку се одржуваат спомениците во Охрид?

Post Views: 8 Богатата историја си го прави своето. Охрид, културниот и световниот балкански Ерусалим, изобилува со споменици почнувајќи од словенскиот период, па се до НОБ. Просветители, писатели, преродбеници и револуционери, добар дел од важните историски личности добиле свој монумент кој говори за нивното значење. Сепак се поставува прашањето колку внимание се посветува на нивното одржување. Охриѓани со поделени мислења. „Сметам дека доволно се посветува внимание. Прилично добро. Заинтересирани се поголем број на институции, поединци. Во Охридов посебно е прилично добро.“ „Не...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top