Post Views: 16
Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот.
Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката.
Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални...
Post Views: 1
Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192.
„Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите...
Post Views: 8
Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања.
„Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот...
Post Views: 11
Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани.
„Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години...
Post Views: 20
Надежите за соработка помеѓу Македонија и Република Турција одат во позитивна насока. Неодамнешните посети на Макеоднско-турското здружение од Охрид, веќе дадоа резултати, вели Кујтим Хусеини од здржението. Тој додава дека интересот од другата страна било да е од сферата на бизнисот, образованието или културата е навистина за поздрав.
„Можам да кажам да кажам дека задоволен сум од тоа што досега го имаме направено, нормално дека тие работи не одат набрзина, треба да се почека, треба серизоно. Интересот за Македонија е многу голем, но за Охрид да не испадне како фалење,...
Post Views: 2
Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток.
Неодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето...
Post Views: 5
Овој проект е поддржан од Германската Влада преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планирано е да трае до 2015 година и да опфати 4 главни компоненти. Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката на рибниот фонд во трите езера, како и на карактеризација на езерата во Дримскиот Басен согласно директивите на ЕУ.Дел од проектот се и Министерствата надлежни за областа на заштита на животната средина,...
Post Views: 0
Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.
Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...
Post Views: 1
Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот.
„На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.
„Стоиме на ставот дека јавните...
Post Views: 12
Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови.
„Ми се чини како да бевме пред 5 години во овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои заради староста, а некои од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот...
Post Views: 8
Состојбата со раскопаните улици во Велгошти е од лоша полоша, реагираат мештаните. Тие се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните, кои три години со малиот прст не мрднале да го санираат патот, кој тие го раскопале за поставување на канализација. Велат, „со поставувањето на канализацијата повеќе ни се направи зијан отколку ќар“.
„Неможиме да поминиме, вртиме правиме по неколку кимолометри, заобиколница правиме за да стигниме до дома овде нема услови за врвење.Овде поминуваат и туристи и се ова го гледаат бидејќи често ги посетуваат црквите“. Други пак велат.
„Ги...
Post Views: 5
Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито.
Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата.
„За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител, наставник,...