Раскопани улици и кал до колена

Проблемот е стар три години и е како последица на недовршен проект на Локалната, во врска поставувањето на канализацијата, укажуваат Велгоштани.

 |  Николоска Биљана  | 
velgostanec
велгостанец

Состојбата со раскопаните улици во Велгошти е од лоша полоша, реагираат мештаните. Тие се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните, кои три години со малиот прст не мрднале да го санираат патот, кој тие го раскопале за поставување на канализација. Велат, „со поставувањето на канализацијата повеќе ни се направи зијан отколку ќар“.

velgostasni„Неможиме да поминиме, вртиме правиме по неколку кимолометри, заобиколница правиме за да стигниме до дома овде нема услови за врвење.
Овде поминуваат и туристи и се ова го гледаат бидејќи често ги посетуваат црквите“. Други пак велат.

„Ги искршивме колите, не се врвит од овде, зошто и како е оставена ова работа, народот вели ако е од Бога простено е, но ако е од луѓе да си го најдат домаму“

Го повикуваме градоначалникот на општина Охрид да дојде во Велгошти и сам да се увери со каков сериозен проблем се соочуваме, вели Зоран Крагуевски од Велгошти.

„Се работи за ископите на главните мрежи, останаа не асфалтирани, тампоните пропаднаа и ние што поминуваме имаме тешки проблеми, зима кал, лето прашина.ulica velgosti Апелираме од целото Велгошти до градоначалникот како менаџер да излези во пресрет, да не разбере и да преземе сериозни чекори за дозавршување на проектот. Крајно време е ова да се заврши“-вели Крагуевски.

Велгошти брои околу 3 000 жители. Сите тие ја поддржуваат граѓанската иницијатива и бараат асфалтирање на сите улици, поточно на местата каде што е изградена канализационата мрежа. Во четири наврати од страна на советниците било покренато ова прашање, се ветувале одредени рокови од страна на Локалната, но досега ништо од тоа, само лаги, вели Крагуевски. Единствено од страна на Фондот за комунален развој, пред два месеци, како одговор на нивна реакција за истата проблематика, им кажале да се стрпат, да налегне тампонот кој е поставен пред три години. Па сега, јавноста нека процени за каква одговорност станува збор, додава Крагуевски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top