Општина Дебрца го доби првото тениско игралиште

Post Views: 6 Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор. За овие активности од буџетот на општината се издвоени вкупно 175.000 денари и тоа за санацијата на балон салата -40.000 денари и за изработка на акрилната подлога на тениското игралиште ( за набавка на специјалните акрилни бои ) -135.000 денари. Ентузијастите од ЗФК “Св.Петар” село Лешани, кои доброволно и без надомест ја изработија акрилната подлога и се иницијатори за формирање на првиот тениски клуб во општина Дебрца. Советот на општината...

Continue reading

Од утре вечер на сила полициски час

Post Views: 0 Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре вечер како најрестриктивна мерка за спречување на ширењето на корона вирусот. Ова на вечерашната прес конференција го кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски. „Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки , со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша премиерот Спасовски. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот...

Continue reading

Трет ден ни трага од авионот

Post Views: 2 Судбината на патничкиот Боинг777-200ER и понатаму останува мистерија, рекол Азхарудин Абдул Рахман, шефот на малезиското цивилно воздухопловство. Рахман додава дека сите досегашни дојави за видени делови од авионот, остануваат непотврдени. И вчерашното јавување дека е пронајден дел во морето на околу 80 км, исто така е непотврдено. Роднините на патниците и на членовите на екипажот се припремаат на најлошото. Трагањето по авионот интензивно продолжува. „За жал, не пронајдовме ништо што би личело на делови од авионот“, рекол Рахман. Додал дека се вложуваат големи напори...

Continue reading

Moe Sonce

Презентација на проектот „Моето сонце“ во Венеција

Post Views: 3 Проектот „Моето сонце“ на уметникот Никола Узуновски денеска ќе биде свечено претставен во рамки на 53. Венециско биенале. Носител на овој проектот е Музејот на Град Скопје. Проектот почнал во 2005 година кога за време на престојот на работилница во Лапонија, Финска, Узуновски обидувајќи се да го сними најкраткиот ден за едно свое видео доаѓа на едно место и забележува дека Сонцето не ја допира Земјината топка и тлото, туку го одминува. Тој кај него иницира идеја за проект чија основа е создавање копија на сонце што подразбира создавање балон кој би бил вештачки сателит...

Continue reading

Денес е Водокрст: Денот кога се крштеваат сите води и имаат лековито дејство!

Post Views: 5 Денешниов ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот. Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето...

Continue reading

Струшкиот клуб Снегар организира обуки за едрење

Post Views: 8 Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини. „Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има...

Continue reading

Најден дел од исчезнатиот авион?

Post Views: 5 Воочен е фрагмент на околу 80 км од островот То Чу, но сеуште не е потврдено дали е тоа дел од исчезнатиот боинг 777. Истрагата продолжува за патниците со лажни пасоши. Виетнамски авион кој е вклучен во истрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс воочил во морето предмет кој плови. Се сомневаат дека тоа би можело да е дел од Боингот кој исчезна во саботата, пишува Wall Street Journal, но сеуште се чека да се пријде поблиску и да се утврди за што се работи. Поради мрак сеуште не може да се потврди дека станува збор за делови на исчезнатиот авион. Претходно сингапурски...

Continue reading

vlada

Владата денес ќе информира за вработувањата

Post Views: 3 Владата денеска ќе информира за измената на Оперативниот план за активни програми и мерките за вработување за 2009 година. Поединостите ќе бидат соопштени на прес конференција, закажана за напладне. На пресот, како што е најавено, ќе говорат заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.   {loadposition content9}

Continue reading

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 2 Викендов екипите на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Continue reading

Уапсен, а кандидат за гувернер во Грција

Post Views: 1 Пратеникот на десничарската странка Златна зора ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење. Панајотис Илиопулус е еден од шестмината пратеници на Златна зора кои се уапсени во операцијата против таа екстремистичка десничарска партија, пишува AFP. Тој вчера ја прифатил кандидатурата, за гувернер на Тесалонија, преку телефон бидејќи се наоѓа во притвор во атинскиот затвор. Неонацистичката Златна зора е обвинета дека стои зад напади на емигранти и политички противници. Шест од 18 пратеници на Златна зора...

Continue reading

nuklearna centrala

Нуклеарна централа во Mакедонија, да или не?

Post Views: 1 Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава. Преку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција....

Continue reading

Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на Рибарски алманах

Post Views: 10 Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност. Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот Архив, Д-р Емил Крстески. В.Д....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top