Post Views: 4
Два слаби земјотреса утрово се почувствувани во Валандово, Гевгелија и Богданци со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, земјотресите се регистрирани во 8 часот и во 8 часот и 5 минути, а епицентарот и на двата земјотреса се наоѓа на околу 130 км југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.
{loadposition content9}
Post Views: 2
На 13.02.2022 година во 00.46 часот во ОВР Струга, пријавено е дека настанал пожар на трска во водите на Охридското езеро, во близина на извидничкиот центар во Струга во кој нема повредени лица.
По насока на Јавен обвинител извршен е увид. Интервенирала територијалната противпожарна единица – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Тужба за Министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие за струшката депонија. Македонското здружение на млади правници во соработка со адвокатската канцеларија Стојкоски –Ќатоски бараат итно да се престане со депонирање на градскиот смет на депонијата која ја загадува почвата, реката Црн Дрим и Охридското езеро. Претоварната станица која се изгради пред 3 години со цел да се пренесе струшкиот отпад на друга локација не профункционира. А регионална дешпонија како трајно решение на проблемот не е ни на повидок.
Поднесена прва граѓанска...
Post Views: 2
World Post овозможува увид во изненадувачкото минато на рускиот лидер.
1. Владимир Путин израснал во Санкт Петерсбург, во стан кои го споделувале три фамилии. Во една прилика изјавил дека се сеќава како бркал стаорци по скалите.
2. Дедо му бил кувар во вилата на Ленин, а подоцна повеќе пати готвел и за Сталин.
3. Црниот појас во џудо го стекнал од 18 години, а тренира боречки вештини и ден денес, кои за него претставуваат животна филозофија.
4. Со уживање чита шпиунски романи, а во една прилика приметил дека „најмногу од се го фасцинира кога еден човек сам со својот...
Post Views: 5
Со свеченост по повод Денот на независноста, вчера попладне требаше и официјално да биде отворен новиот објект на американската амбасада, лоциран на скопското Кале.
Прославата на 4 Јули беше најавено дека за првпат ќе се одбележи според протоколот на маринците со подигнување на американското и македонското знаме и со интонирање на националните химни на САД и на Македонија. Пред присутните гости од државниот врв, дипломатскиот кор, верските заедници и невладините организации требаше да се обрати амбасадорот Филип Рикер, а беше најавено и присуството на директорот од...
Post Views: 0
Во насока на зголемување на ефикасноста и економичноста, донесовме одлука, Општината и јавните претпријатија да го регулираат користењето на службените возила, соопшти градоначалникот Кирил Пецаков.
Тоа значи дека, од денес, службените возила нема да може да се користат по завршување на работното време, односно, ниту јас како градоначалник, ниту секретарот на Општина Охрид, директорите на јавните претпријатија или било кој друг вработен ќе имаат право службените возила да ги користат вон работно време. Во текот на работното време возилата ќе може да се користат исклучиво...
Post Views: 0
Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бара вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Триесет и една (31) граѓански организации и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското...
Post Views: 13
Прехранбената индустрија молчи за главниот проблем на денешниот нутриционистички свет, а тоа е шеќерот. Еве краток временски опис што му се случува на организмот откако ќе испиете газиран пијалок од 2 dl.
– Првите 10 мин.
Десет лажички шеќер го погодиле вашиот организам, а тоа е 100% повеќе од препорачаната дневна потреба. Не повраќате затоа што фосфорната киселина го намалува чувството за вкус.
– По 20 мин.
Шеќерот во крвта и понатаму расте и предизвикува инсулинска експлозија. Вашиот црн дроб реагира на тоа и пробува шеќерот да го претвори...
Post Views: 1
Групацијата Жито Вардар информираше дека деновиве ги извезе првите 220 свињи во соседна Албанија.
Компанијата, како што соопшти вчера, има амбициозни планови за пласман на производите на албанскиот и црногорскиот пазар.
Жи-Ва е веќе добро познат бренд за месо во Србија. Во првото полугодие на 2009 беа извезени преку 600 тони свинско месо во вредност од преку 1,2 милиони евра.
“Нашето производство на свинско месо покрива над 60% од потребите за свежо месо во Македонија. Се стремиме кон развој и проширување на странските пазари и очекуваме извоз од над три милиони евра...
Post Views: 2
Најголемите градови во Хрватска, Загреб и Сплит, свртеа лево: Томислав Томашевиќ и Ивица Пуљак беа избрани за градоначалници во Загреб и на Сплит. ХДЗ, пак, се прогласува за севкупен победник на локалните избори.Според податоците на Државната изборна комисија вчера од 21 часот по пребројаните 99,17 отсто од гласовите, кандидатот на партијата Можеме!, Томислав Томашевиќ, со 65,29 насто гласови од граѓаните во вториот круг на локалните избори е избран за нов градоначалник на Загреб.Тој, по речиси 20 години владеење на неодамна починатиот загребски градоначалник Милан Бандиќ,...
Post Views: 3
Во пандемичната 2020 година, 352 парови од Охрид заснивале брачна заедница и го кажале судбоносното „да“. Во општина Дебрца пак, се регистрирале 16 брачни заедници. Во истата година, во матичната книга на родени се евидентирани 509 новороденчиња во општина Охрид, а само 5 новороденчиња во општина Дебрца.
Според евиденцијата на матичната книги на умрени, 848 охриѓани починале во 2020, а во општина Дебрца 75 лица. Епидемијата со Ковид 19 го намали бројот на склучени граѓански бракови и наталитетот во Охрид во минатата година, покажува евиденцијата на матичната книга на...
Post Views: 6
Словенечката демоктратска странка собрала доволно потписи на грѓани со кои парламентот е должен да распише референдум за достапност во државниот архив, особено на материјалот за делувањето на словенечката Удба.
Партијата на екс премиерот Јанез Јанша собрала повеќе од 40.000 потписи, што е доволно за распишување на референдум за измена на законот за државниот архив, кој го донесла владата и парламентот на почетокот на годината.
СДС тврд дека со прифаќањето на законот на перфиден начин се затвара архивот за истражувачите, посебно за оние кои истражуваат документи за делувањето...