Post Views: 7
Владата на Република Северна Македонија на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните...
Post Views: 0
Трговец со старо железо помеѓу старудиите на еден пазар за стари работи, некаде во Америка, здогледал златно јајце и веднаш препознал прилика дека нешто ќе заработи. Но не ни сонувал колкав профит ќе му донесе предметот кој го платил 13.300 долари.
Бидејќи не успеал да го препродаде го однесол на проценка и сфатил дека станал сопственик на Фабержеово јајце, вредно 33 милиони долари.
Експертот кој ја потврдил автентичноста на украсното јајце вели дека целата приказна го потсетува на Индијана Џонс кога го пронашол изгубениот ковчег. Станува збор за третото од педесет велигденски...
Post Views: 1
Специјалниот претставник на Обединетите нации(ОН) во спорот за името Метју Нимиц денеска и утре треба да престојува во Македонија, по што ќе отпатува во Грција.
Посета следи по разговорите што Нимиц ги имаше со амбасадорите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, на 22. јуни во седиштето на ОН Женева.
По средбата со преговарачите Јолевски и Василакис, медијаторот рече дека е време за интензивирање на потрагата по решение за името, при тоа додавајќи дека двете страни остануваат во своите рововски позиции.
Нимиц, на прес конференција, рече дека во Женева...
Post Views: 0
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, синоќа го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година.
Од неговиот кабинет велат дека тој очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
Post Views: 3
Честито затворање и никогаш повеќе да не се отвори! – порачаа активистите на „Доста е“.Од граѓанската иницијатива „Доста е“ кои се организатори на протестите, најавија и порадикални чекори доколку нема целосно решение на проблемот. Глигорије Ќатоски од граѓанскаta иницијатива „Доста е“ кажа дека нивното прво барање било исполнето. Депонијата е изгасната но тоа не значи решавање на проблемот. Доколку надлежните не донесат одлука за складирање на отпадот на некоја побезбедна локација , тогаш останува оваа постојна локација која се изгасна.
„Општина Струга складира околу...
Post Views: 4
Спрема најновите информации, малезиската државјанка Raja Delalah Raja Latife тврди дека го видела авионот во морето додека летала над Индискиот океан, во 2 часот попладне на 8-ми март – неколку часа откако исчесзнал.
Била толку сигурна во тоа што го видела, што истиот ден поднесла службена пријава на полицијата, полни пет дена пред да се прошири истрагата и на реонот кој го посочила Latife околу островот Андаман.
Во меѓувреме се изнесени нови детали кои можат да помогнат во расветлувањето за судбината на 239 патници и членови на екипажот.
Денес на конференција за печат...
Post Views: 1
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на покана од полскиот министер за култура и национално наследство Богдан Здројевски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Полска.
Во рамки на посетата, како што пренесува Макфакс, двајцата министри ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за 2009-2011 година.
Македонската министерка денеска во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура....
Post Views: 11
За овој петок педесет и четвртата седница и педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 10:00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникацијa. На дневниот ред на педесет и четвртото издание на седницата ќе се најдат Предлог – програмите во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
Потоа Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021...
Post Views: 0
Како што се приближува годишнината од смртта на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, полицијата повторно го отворила случајот затоа што претпоставувале дека обожавателите ќе поставуваат прашања. Курт Кобејн се самоубил на 8 април 1994 година така што си пукал во главата.
Полицијата од Сиетл го отворила досието со докази и фотографии, но заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието објавиле само две фотографии од местото на самоубиството.
На една од нив е кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто што личи на игла, половина цигара и...
Post Views: 5
Уличен танц, музицирање на отворено и пантомима се дел од содржините во кои ќе може да уживаат скопјани почнувајќи од викендов.
Пилот проектот „Улични музичари и танчери – забавувачи“ ќе се случува пред влезот во Градскиот трговски центар, на плоштадот „Македонија“ кај „Дал Метфу“, на улицата Македонија кај спомен-куќата на Мајка Тереза и кај џамијата во Старата скопска чаршија.
На овие локации пред скопјани ќе настапуваат музичари и музички групи, актери, уметници, жонглери и пантомимичари. Во деновите од викендот уметниците на отворено ќе настапуваат во два термини...
Post Views: 3
Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна.
Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска опрема кои значително ќе придонесат за поефикасна обука и подобрување на квалитетот на ученичката пракса.
Опремувањето на оваа училишна просторија беше овозможено во рамки на проектот за Локална и регионална конкурентност кој е финансиран од фондовите...
Post Views: 3
Граѓаните мораат да имаат слобода во начинот на изразување. Тоа беше пораката која му била упатена на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од страна на европските функционери.
Тој нанесува штета на целата земја со блокирањето на Твитер, сметаат тие.
„Во едно слободно општество на граѓаните е да одлучат како ќе комуницираат, а не на државата“, напишал на Твитер портпаролот на канцеларката Меркел, Штефан Зајберт.
По пат на истата мрежа реагирал и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт. „Турскиот премиер на само што си нанесува штета на себе, туку и на целата...