Post Views: 0
Идните струшки и охридски возачи на исти терен со исти резултати. Паѓаат на гаражи. Како причина за тоа ја наведуваат лошата состојба на единствениот полигон за обука и полагање во Струга.
Кандидатите за возачки испит често паѓаат на гаражи. Единственото место каде се одржува дел од обуката и полагањето гаражи, е полигонот во Струга. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред нашата камера, но, барајќи ја правдата наведуваат многу неправилности и не знаат каде лежи вината.Полигонот за полагање на дел од возачкиот испит гаражи, во Струга е во лоша состојба. Патоказните линии...
Post Views: 21
Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.
Паралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина.
Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за...
Post Views: 0
Охридските ракометари вчера беа поразени од екипата на Еурофарм Пелистер, со 30-14 во 14-то коло од суперлигашјиот плејоф.Четири погодоци постигна Тот, Манасков и Иваноски по три, а по еден гол постигнаа Андоновски, Соколов, Младеновиќ и Шулески.
Со ова се заокружени натпреварите во ракометната Супер лига за сезонава.
Еурофарм Пелистер и покрај победата над Охрид остана на втората позиција, поради послабиот меѓусебен скор со Вардар во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула, по победата над Металург, а „гладијаторите“ завршија шести со 15 бодови.
Post Views: 0
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески е во неколкудневна посета на Шенжен –Република Кина, каде оствари работна средба со делегација на регионалните власти, предводена од заменикот градоначалникот на Шенжен, Ву Јихуан, која воедно е и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на воспоставената...
Post Views: 6
На охридското крајбрежје пет плажи во должина од околу километар и пол ќе добијат современ изглед. По 120 метри плажа ќе се уредува во Далјан, Извиднички, Лагадин, 500 метри во Љубаништа и 700 м од каналот Студенчишта до ресторанот Парк. Министерството за транспорт и врски ги одреди точните локации за нивно уредување. Од таму креираа јавна анкета на која граѓаните преку електронско гласање ќе учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за плажите. Од локалната самоуправа која располага со градежното земјиште дури по изборот на...
Post Views: 4
Група на кинески инженери и дизајнери направија необичен чадор кој корисникот го штити од дожд со помош на воздух.
Експерти по аеронаутика од Нанкинг и Пекинг креирале чадор кој користи воздух наместо платно, а неговиот врв го испушта воздушниот штит кој не само што штити од падавини туку овозможува непречен преглед на околината.
Тимот на истражувачи кој за својот футуристички проект собрал 25.000 долари преку онлајн платформата kickstarter, реализирал три прототипа: мал модел, долг 30 цм и тежок 500 грама, со автономна батерија која трае 15 минути, класичен модел...
Post Views: 0
„Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.
Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени...
Post Views: 4
Голем број преставки и жалби на граѓаните до Народниот правобранител за случаи кога банките им ги блокираат сметките без притоа да ги известат за тоа. Во текот на изминатава година, Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, вели дека ова особено било евидентно со плаќањето или неплаќањето на радиодифузната такса што резултирало со блокирање на приватни сметки на граѓаните.
„Голем беше бројот, сеуште е голем бројот затоа што и во делот на плаќање на радиодифузна такса се премина од еден во друг систем на плаќање на радиодифузната такса, така да на...
Post Views: 483
Само на Македонците и на Словенците им останувале вишок пари откако ќе ги задоволат основните месечни потреби. Дали е навистина така? Експертите и граѓаните велат не.
Додека кај нас под елементарни производи за живот се вбројуваат храната и пијалоците, во Словенија и другите земји од регионот во месечната потрошувачка кошничка се вбројуваат и трошоците за хигиена, облека, домување, образование и култура.
Аналитичарите велат- се додека официјалната статистика не ја воведе најавената нова методологија по европски стандарди, ќе немаме податоци за реалната куповна моќ...
Post Views: 4
Синоќа околу 00,15 часот, во Охрид во угостителскиот објект „Нова“ дошло до меѓусебна расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.Р.(32), сопственик на угостителскиот објект и И.Р.(36), во која И.Р. со нож му нанел две убодни рани на Б.Р. во пределот на левата надколеница, а на И.Р. од тепачката му се нанесени повреди во пределот на носот.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Денеска покрај поезија во Домот на културата пред присутните беше прочитана и поетската порака испратена до новоизбраната директорка на Унеско, Ирена Бакова.
Поетите, писателите и уметниците, денска во НУ центар за култура во Струга го одблежаа светскиот ден на поезијата и Унеско. По тој повод поетите и сите творци од Струга од светлиштето и паркот на поезијата испратија поетска порака до светската организација на УНЕСКО и новоизбраната директорка на оваа институција, Ирена Бакова.
Поетите посебно внимание посветија на јубилејот 200 години од раѓањето на семакедонскиот...
Post Views: 1
Учениците од средното економско училиште заедно со учениците од гимназијата одржаа хуманитарен концерт од кој собраните средства беа наменети за осовременување на наставата во Св. „Кирил и Методиј“.
Од акцијата “ОД ДЕЦАТА-ЗА ДЕЦАТА”- Уцениците си купија Нов фотокопир и Нов ЛЦД проектор со кои значително ке се олесни и подобри нивната настава.
{loadposition content9}