Post Views: 0
Вчера доцна попладне координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Тахир Хани од ДУИ до Собранието доставија Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за попис, кој ќе се носи по скратена постапка и е веќе ставен како дополнување на дневниот ред на 143. собраниската седница закажана за утре.
Пописот на населението во Македонија се одлага поради се поизвесните предвремени избори. Проблем предизвикаа и поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници. Членовите...
Post Views: 2
25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието...
Post Views: 6
Еколошки инцидент во селото Орман. Претпладнево по самостојно и нестручно чистење на сепричка јама се случи помор на риби во Коселска река која директно се влива во Охридското езеро. „Ова не се случува по прв пат и не само овде, велат екологистите од Грашница кои го пријавија инцидентот. Кај сите природни водотеци од Орман, Горно и Долно Лакочереј и Косел има чести појави од излевање на септичките јами во природните токови, обвинува Ванчо Стојаноски од Грашница.
„Конкретно овде имаме чистење на јами, што допринесе да се случи помор на рибите“, вели Ванчо Стојаноси...
Post Views: 0
Одговорно и должно постапување, интензивна соработка и координација заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на жртвите, договорија претставниците на СВР Охрид, на центрите за социјални работи од Охрид и Струга, на основните јавни обвинителства од Охрид и Струга,на општина Охрид како и претставниците на невладините организации од Охрид и Струга, на вчерашната работна средба на тема „Превенција на семејното насилство-привремени мерки за заштита и нивна примена“.
Според аналитичките податоци на СВР Охрид опаѓа бројот на регистрирани настани...
Post Views: 0
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература.
Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни. Математика избрале да полагаат 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени...
Post Views: 0
Отпадни води, канализација, фосфати и разни хемикалии се влеваат во водите во Охридското езеро кај Поградец и го загадуваат, јавуваат албанските медиуми. Ваквата состојба се заканува да ја уништи флората и фауната алармираат медиумите од другата страна на езерото. Јавуваат и за високо присуство на фосфати и други загадувачки материи кои се причина локлансиет власти да реагираат на заканата од уништување на рибниот фонд.
Дејан Паноски од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро за ваквите јавувања на албанските медуими вели дека треба да се почекаат...
Post Views: 7
Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања.
„Според законот имаме монопол за поштенски услуги, посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме...
Post Views: 5
Апликацијата на хрватска компанија со која вашиот смартфон решава равенки предизвика големо интересирање на јавноста, вклучувајќи ги и медиумите како што се Time, Daily Mail, Forbes и многу други технолошки портали. Компанијата MicroBlink во понеделникот ја претстави апликацијата PhotoMath на конференцијата TechCrunch Disrupt Europe во Лондон.
Апликацијата функционира така што ја снимате равенката а апликацијата по само неколку секунди дава резултат. Апликацијата препознава само печатени бројки, но не и со рака напишани. Засега е достапна само за iOS и Windows оперативните...
Post Views: 23
Петнаесетмина професори од охридските средни и основни училишта чекаат разрешница од поднесените приговори до Училишните одбори. Тие реагирале на казните кои ги изрече Државниот испитен центар за потфрлување на резулатите од екстерното тестирање. Од почетокот на ноември па се досега Училишните одбори во некои училишта се прогласиле за ненадлежни , во некои се состанувале по два трипати и сеуште не донесле конечни одлуки по приговорите. Конечна одлука има само во гимназијата Св. Климент Охридски каде што се одбиени двата приговори од професорите. Наставниците имаа...
Post Views: 0
Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација.
“ Travel Trade Gazette“ е едно од најчитаното списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел...
Post Views: 4
Граѓаните денеска и утре ќе може да ги поднесуваат даночните пријави и попладне. Управата за јавни приходи информира дека последните два дена од истекувањето на рокот на пријавување данок нивните шалтери ќе работат од 8,30 до 20 часот.
Според последните податоци, до Управата за јавни приходи (УЈП) се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави. До истекот на законскиот рок се очекува уште над 50 илјади граѓани да ги пријават ланските приходи.
Со цел да се избегнат метежи, УЈП потсетува и на можноста граѓаните својата годишна даночна пријава да ја достават и преку...
Post Views: 6
Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.
Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминало. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско...