Post Views: 8
Здружението Угостителски еснаф бара итен состак со Советот на општина Охрид Бараат одложување на акцијата за уривање на угостителските објекти на плажите. Велат во ек на сезоната после тешка криза од пандемијата погрешно е да прават рушевини.
Угостителите предлагаат времено регулирање на односите на постојните вршители на дејност, преодно решение за усогласување на објектите согласно препораките на УНЕСКО и постоечката регулатива, како и ажурирање на постапките по однос на јавното наддавање и издавање под закуп од 2018 година што не се формално завршени. И покрај извештајот...
Post Views: 0
Повреди на очи, откинување на дел од прсти, сериозни повреди на рацете, но и други делови од телото најчесто се добиваат од употреба на пиротехнички средства. За да се спречат вакви слични повреди, од СВР Охрид од отсекот за превенција, спроведуваат и оваа година трибини низ училиштата. Целта е да се подигне јавната свест за злоупотребата на пиротехничките средства за време на Новогодишните и Божиќните празници, напоменува Живорад Савиќ од отсекот за превенција. Савиќ напоменува дека се предупредуваат децата да не се користат во затворен простор како што се влезовите...
Post Views: 5
Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та ТЛЕР не побара средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за оваа намена. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека стратегија ќе се прави, но чекаат во тоа да им помогнат странски експерти. Тој објаснува дека кога во посета на Охрид бил генералниот секретар на Светската туристичка асоцијација, Талеб Руфаи им ветил помош во изработката на една одржлива и квалитетна локална ...
Post Views: 0
Интерсни резултати покажало новото истражување кое го спровело меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT).
“Сите податоци потврдуваат дека континуирано расте јазот помеѓу податоците за потрошувачката на гориво која ја даваат производителите и вистинската потрошувачка”, рекол лидерот на европската филијала на ICCT за германскиот весник Der Spiegel.
ICCT анализирал податоци, користејќи ги водечките европски портали, на повеќе од 500.000 возила кои се движат по европските патишта.
Анализата на податоците на популарната германска страница spritmonitor.de покажала дека...
Post Views: 0
Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место представува општа опасност со која се загразува сигурноста на сите граѓани.
Со таквото дејствие се врши кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи.
Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје и пиротехнички средства ќе се преземаат предвидените законски мерки, апелираат од СВР Охрид.
ОРУЖЈЕТО И ПЕТАРДИТЕ СЕ ОПАСНИ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА...
Post Views: 7
Откажани се над 10 полетувања од скопскиот аеродром Александар Велики, а не е помал ниту бројот на откажани слетувања на авиони од Истанбул, Цирих, Љубљана, Белград.
Два од вчерашните претпладневните летови од Виена до Скопје се пренасочени на охрискиот аеродром, а авион од Франкфурт ќе се приземји на приштинскиот аеродром. Од ТАВ ги советуваат патниците состојбата да ја следат на нивната официјална бев-страница, каде секој момент се ажурираат податоците за состојбата со летовите или пак да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложувањето или откажувањето...
Post Views: 6
Директорот на македонскиот културно- информативен центар во Софија, Доста Димовска е во тешка здравствена состојба, по доживеан мозочен удар, јавува Бгнес.
Во моментов таа се наоѓа на лекување во болницата „Токуда“ и веќе втор ден е на реанимација, откако во петокот Димовска го доживеала тешкито мозочен удар.Доста Димовска во политичка кариера беше на високи државни и партиски функции. Беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а откако партијата првпат дојде на власт во владтаа на Љубчо Георгиевски ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи на која ја затекна и...
Post Views: 53
Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...
Post Views: 4
Сторијата која ТВМ ја направи за Митреви кај многу граѓани ја разбуди хуманоста. Се насмевнаа лицата на Митреви. Ова семејство денес го посети претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, со дел од неговиот тим. Станува збор за петтчленото семејство кое е социјален случај и за кое ТВМ во неколку наврати инфомираше. Како што е познато, Митреви живеат на раб на егзистенција и се борат со тешка немаштија, без струја и основните елементарни услови на живот. Михаилов рече дека за ваквите семејства мора да има посериозен институционален пристап и порача сите кои се во...
Post Views: 1
Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување...
Post Views: 9
Годинешното 61 издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде свечено отворено со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Изведбата на Националната опера и балет ќе ги содржи балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавиц“, извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Во овој грандиозен проект ќе настапат 90 македонски уметници од Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во текот на 40 дена фестивалска програма ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, истакна Наташа Поповиќ...
Post Views: 4
Профилираните квалитетни кадри кои што излегуваат од ФТУ како и од охридското средно угостителско училиште, во потрага по брза заработка за време на летната сезона, ги одминуваат охридските хотелско угостителски објекти. Најатрактивни за нив се работните позиции во туристичките места на крајбрежјето на Егејско и Јадранско Море. Голем дел од нив по завршеното стручно образование воопшто не планираат да работат во струката за која стекнале диплома. Недостатокот од кадар угостителите го надополнуваат со сезонски работници. Охридскиот угостител Љупчо Патче смета дека тоа...