Советот нема ингеренции да расправа по барањето на охридските угостители

Механизација паркирана кај Студенчишта чека да се отпочне со уривање на платформите и објектите на плажите од каналот кон „Горица 1“. Градоначалникот дециден дека се што е нелегално  ќе се урива и притоа нема да има селективност. Охридскиот еснаф на угостители, пак,  бара свикување итна седница на советот за да се дискутира за статусот на угостителските објекти лоцирани во крајбрежниот појас, во контекст на препораките од УНЕСКО во очи на туристичка сезона.

 |  Соња Рилковска  | 

Здружението Угостителски еснаф бара итен состак со Советот на општина Охрид Бараат одложување на акцијата за уривање на угостителските објекти на плажите. Велат во ек на сезоната после тешка криза од пандемијата погрешно е да прават рушевини.

Угостителите предлагаат времено регулирање на односите на постојните вршители на дејност, преодно решение за усогласување на објектите согласно препораките на УНЕСКО и постоечката регулатива, како и ажурирање на постапките по однос на јавното наддавање и издавање под закуп од 2018 година што не се формално завршени.
И покрај извештајот на Унеско кој ургентно бара уривање на сите објекти вдолж плажите Еснафот бара одложување на акцијата.

,,Генералното барање на угостителлите е да се избегнат акциите за рушење за време на сезоната, која што веќе е на почеток. После една тешка пандемска година добро ќе беше таквите активности да не се одржуваат сега туку по истекот на сезоната”, вели Михаил Мишев претседател на Угостителски еснаф.

Градоначалникот останува на ставот дека нема да има селективност, акцијата за отстранување ќе продолжи.

 ,,Станува збор за узурпација на државна земја. Поскеден пат ги затворат да орестанат со работа Ние им дадовме осум дена сами да постапат”, вели Константин Георгиески градоначалник на Охрид.

Охридскиот еснаф барањето го поднесе вчера, после најавата за отстранување на платформите на плажите од каналот Студенчиште кон Горица.
Двете советнички групи во Советот на општина Охрид и градоначалникот денеска одржаа координативен состанок во врска со барањето. Бил донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето.

„Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки. Двете советнички групи изразија поддршка на градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид да постапуваат во рамки на своите ингеренции во согласност со сите законски прописи почитувајќи го принципот на неселективност.„  – информираа од Советот на општина Охрид.

Двете советнички групи сметаат дека е од исклучителна важност Охридскиот регион да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО и ги повикуваат сите надлежни институции да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top