Од утре почнува летното сметање на времето

Post Views: 10 Освен што на почетокот од неделава конечно навлеговме во пролетта сега и со почеток на летното сметање на времето сме на вистинскиот пат кон летото. Долгата и студена зима е зад нас, време е за долги и топли денови. Утре (недела 27-ми) во 02:00 часот по полноќ започнува летното сметање на времето и часовниците ќе треба да ги поместиме за еден час понапред, односно 02:00 ќе стане 03:00 часот. Малку историја Оваа промена на времето од зимско во летно и обратно се прави со цел да се заштеди на електрична енергија и за прв пат е забележано во 1916-та година. Ова најпрвин...

Continue reading

лизгалиште

Наскоро ќе се знае кој ќе постави лизгалиште на охридскиот плоштад

Post Views: 4 За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина,  на која треба да се постави лизгалиштето.  Лани проектот лизгалиште во јавноста  подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура  пологична  за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме...

Continue reading

Hotel Drim

Хотелот Дрим од Струга, го обели образот на Охридско-Струшката ривиера

Post Views: 2 Рецепт за успех постои. И покрај тоа што повеќе од хотелите во Охрид и Струга беа полупразни, хотелот Дрим од Струга за велигденските празници полн. Исто така и хотелот Београд во центарот на Струга полн. И во двата хотели најбројни гостите од соседна Грција. „Претходно на хотелот Дрим му претстоеше едно реноирање, за да на први овој месец ги пречека токму први гостите од Грција, информира шефот на продажба од хотелот, Бакал Љуљзим. Рецептот за успешно работење е едноставен“, додава тој. Од хотелот додаваат дека веќе во саботата се барало легло повеќе, па биле приморани...

Continue reading

parkce

Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк

Post Views: 5 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид. Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства  ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...

Continue reading

Златната маска и рака, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци

Post Views: 7 По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола”, која успешно беше претставена пред јавноста во Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија, каде учество со свои артефакти имаа и Народниот Музеј од Белград и НАИМ при БАН од Софија, ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот Горна Порта во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци. Сите заинтересирани може да ги погледнат стотиците археолошки и етнолошки артефакти кои се изложени во Куќата на...

Continue reading

pazar

Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар

Post Views: 0   Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект. Јас сум уверен дека  ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже дека...

Continue reading

futsal

Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево

Post Views: 7 Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. {loadposition...

Continue reading

Ikea со решение за времето проведено во седечка положба

Post Views: 0 Проблемите со времето поминато во седечка положба и тоа како влијае на здравјето, а Ikea е позната по својата иновативност и напредни решенија па така понуди интересен концепт кој барем делумно може да ги ублажи последиците. Компанијата се обиде да пронајде решение кое не го исклучува продолжението на работата, но овозможува да се “истегнете” или работата да ја продолжите во стоечка положба. Новата прилагодлива маса која е наречена Bekant-Ergonomi е идеална за сите оние кои се по цел ден во канцеларија. Имено, станува збор за маса која се прилагодува по висина, но тоа...

Continue reading

prodavac

Новите тезги во старото руво

Post Views: 1 Започна самоволното надградување на новите тезги за продажба на новогодишни реквизити и покрај молбите на локалната до продавачите да не го прават тоа. Иако во текот на вчерашниот ден, ЈП „Градски Пазар“ ги замени старите тезги за продажба на новогодишни реквизити со нови дрвени, тие денес почнаа да добиваат „нов“ изглед. Вчера директорот на ЈП „градски Пазар“кое ги изнајмува тезгите на заинтересираните продавачи, Коталески упати апел до продавачитетие тезгите кои ги изнајмуваат да ги остават во првобитниот изглед, но додаде дека не можат да им забранат на продавачите...

Continue reading

grb

Охридските такси возила со нов грб

Post Views: 4 Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид, известуваат дека такси-компаниите  коишто вршат трговска дејност на територијата на градов  започнаа  да поставуваат  лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите  такси возила. Надлежните велат дека овој процес ќе  се реализира и наредниве неколку денови.Инаку,  информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните  и средни училишта во градов. {loadposition content9}

Continue reading

den na drvo

Четврток, неработен ден за граѓаните

Post Views: 8 Поради спроведување на пролетната акција “Ден на дрвото 2011“, 31 март, четврток е неработен ден за граѓаните на Македонија. Овој ден ќе се одработи во сабота на деветти март. По повод “Ден на дрвото“ во земјава се предвидени бројни акции на засадување на дрвца, како од граѓаните така и од дипломатскиот кор во земјава. {loadposition content9}

Continue reading

rob

Деновиве во Охрид регионалната конференција за трговијата со луѓе

Post Views: 7 Во наредните два дена Охрид ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“. Конференцијата која е во организација на МВР, МАРРИ Регионалниот центар и центарот за безбедносна соработка ќе започне утре во хотелот „Гранит“. Според најавите, на официјалното отворање на конференцијата свое воведно излагање да има државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top