Sv.Erazmo

Извршена првата „КЕЈЏ“ операција

Post Views: 12 Современ оперативен зафат на вратен пршлен со вградување на заменик на меѓупршленски диск. Околу 15 пациенти годишно ќе можат да ги почувствуваат благодетите од овој оперативен зафат. Во светот ваквата операција чини околу 30 000 евра. „КЕЈЏ“ оперативниот зафат, за прв пат во Македонија. Овој современ хируршки зафат неодамна се изврши во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид. Станува збор за операција на вратен `рбет со вградување на „КЕЈЏ“, замена на меѓупршленскиот диск. Оваа операција се врши во случај кога ткивото меѓу вратниот пршлен...

Continue reading

мамограф

Охридската болница ќе добие нов мамограф

Post Views: 6 Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}

Continue reading

Казнети 3 возачи и 3 моторциклисти во Охрид

Post Views: 2 На подрачјето на СВР Охрид на 6-ти јуни 2021 година биле преземени засилени сообраќајни контроли. – Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид 3 и Струга 3). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 9 возачи кои во населено место управувале моторно возило...

Continue reading

logo

Концертот на охридските гимназијалци, „Твоето лице звучи не познато“ полн погодок!

Post Views: 6 Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“, а  во рамките на донаторската акција за опремување на музичкиот кабинент на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, охридските гимназијалци одржаа еден невообичан концерт. Самиот настан беше замислен како  варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Покрај тоа што публиката уживаше во настапите на музичките ѕвезди,  имаше и можност да пее со изведувачите бидејќи текстот на песните  беше проектиран  на платно, а изведувачите беа оценувани од жири. {loadposition content9}

Continue reading

ftu

ФТУ: Државен испит за студентите дури по завршувањето на студиите

Post Views: 2 Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование. Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог. „Наставно-научниот...

Continue reading

“100.000 против данок за интернет”

Post Views: 6 Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок на промет на интернетот кој, како што стравуваат, нема само да го подигне вкупното оданочување, туку ќе ги ограничи правата и слободите. Владата на Виктор Орбан кои многумина ја обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави новиот план на оданочување. Нацрт планот за оданочување предвидува давателите на услуги на интернет да плаќаат данок од 0,5 евра за 1 GB промет. Собирањето на луѓето во неделата се организирало на Facebook каде групата брои повеќе од 210.000 фанови. Протестантите, а некои...

Continue reading

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

cekalna

Бирото на Лихнидос ќе биде чекална

Post Views: 6   Проблемите со кои се соочуваат патниците на меѓуградската автобуска станица во Охрид не се новост. Автобусите на зима се чекаат под ведро небо, на дожд и снег а  на лето патниците ги пече сонце. Со цел барем да се ублажат ваквите услови, охридскиот автопревозник АД „Галеб“ деновиве работи на адаптација на објект наменет за чекална. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секоја автобуска станица треба да има една таков соодветен простор. „После извесно време што ја користеше ДОЕЛ Лихнидос, друштвото основано од општина, конечно во владение ни е вратена таа...

Continue reading

Dosta Dimoska

Почина Доста Димовска

Post Views: 4 Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава. Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка...

Continue reading

javna rasprava

Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та

Post Views: 1 Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше затекнат...

Continue reading

ftu

Новини на ФТУ

Post Views: 2 Олеснување за студентите на ФТУ. Студенскиот парламент одобри уште една испитна сесија во месец април која ќе биде од 10-ти до 30-ти. Пријава за испити се врши од 6-ти до 9-ти овој месец. Согласно новиот закон за високо образование и примената на Болоњската декларација, студентите досега имаа право да полагаат во 3 основни испитни сесии, јануари, јуни и септември. Се полага на два начини колоквиумски и завршно. Првиот човек на Факултетот за туризам и угостителство, Јованка Биљаноска вели дека на барање на студенскиот парламент на факултетот одобрен е априлски испитен...

Continue reading

плоштад

Свечено отворен ново изградениот плоштад во населбата Рача

Post Views: 9 Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад. После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека плоштадот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top