Post Views: 1
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник ќе биде неработен ден. Неработен за граѓаните од православна вероисповед е и 22 април-Велики Петок
Понеделник 25 април, вториот ден на Велигден е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Неработен за граѓаните од православна вероисповед е и 22 април-Велики Петок
Министерството на сите граѓани од православна и католичка вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Вевчани е во вонредна состојба. За прв пат во послените 50 години се случува вевчанци Нова година ја дочекаат во мрак. Во Вевчани е тажно, 5 дена жителите се без струја, интернет и телефонска комуникација , отсечени од светот, вели првиот човек на општината Цветомир Угриноски.„ Откажани се сите ресторани и хотели, а се очекуваа гости од странство и земјата, луѓето се во исчекување кога ќе добијат струја и ништо не работи“, посочува Угриноски.
Градоначалникот Угриноски за утре најави прес во Охрид затоа што за тоа нема услови во Вевчани, за да ги каже сите проблеми...
Post Views: 44
Охридски пациенти се почесто го посетуваат одделението за хирургија во Струга. Само минатата година на ова одделение во Струга биле извршени 150 класични оперативни интервенции врз пациенти од Охрид. Ваквата појава е уште поалармантна годинава, кога за само три месеци веќе 50 пациенти од Охрид се третирани во Струга. Ова се реални податоци кои ни ги даде првиот човек на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Ибраими вели „досега ниту еден пациент кој се обратил кај нас не е вратен. Она што остава впечаток кај пациентите е одговорноста, довербата и квалитетно понудената...
Post Views: 2
Охрид во празнична новогодишна еуфорија. На дочекот на најлудата ноќ кафетериите во Охрид беа полни, а на плоштадот Св Климент Охридски едвај место да се помине. Студеното време не ги спречи охриѓани и бројните гости на градскиот плоштад да бидат дел од прославата на градот која ја организира Локалната самоуправа. Новата година на присутните најпрво им ја честита познатото музичко име Владо Јанесвски, а веднаш по него таткото на градот Никола Бакрачески. 2015 ќе биде запишана во историјата на Охрид како година со најголем број реализирани проекти кои значат живот,...
Post Views: 3
Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет отпатува за Букурешт-Романија, на неколку дена пред почетокот на Европското првенство.
Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат.
„Црвено жолтите“ на европското првенството се наоѓаат во Ц-групата. На 13 јуни е првиот меч против Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групата ќе го играат во Амстердам, против репрезентацијата на Холанди...
Post Views: 0
Охрид во Новата 2015 година влезе мирно. Од СВР Охрид, од безбедносен аспект, дочекот на најлудата ноќ во годината ја оценуваат позитивно без инциденти и сообраќајни несреќи. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид изјави дека на градскиот плоштад организираниот дочек на новата година поминал во пријатна атмосфера без инциденти и без употреба на нелегална пиротехника.
Бил евидентиран само еден случај на нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице под дејство на алкохол, кое предизвикало инцидент во еден угостителски објект.
Алкохилизираниот гостин побарал алкохол,...
Post Views: 1
Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид.
Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе...
Post Views: 3
Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP.
Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска иднина, постојат...
Post Views: 4
Како политичарите ја доживеаја годинава на заминување и што очекуваат во новата 2015та. Започнавме со првиот меѓу еднаквите, таткото на градот, градоначалникот Никола Бакрачески. За него годината што одминува е година во која локалната се справувала со сервисирањето на заостанатите долгови и во која приоритет ставиле на инфраструктурното уредување на градов. Инвестирале и во културата и образованието. 2015Та очекува да биде година за паметење и најплодна година за општина Охрид.
Во 2015та ќе имаме многу пообемна развојна програма на општина Охрид. Ветувам дека ќе вложуваме...
Post Views: 3
Екипите на Црвен крст интервенираат во Горна Дебрца на повик од жители кои бараат помош. Н а располагање имаат 15 волонетри и од денес на распоалгање е ставен теренски џип од скопскиот црвен крст. Нивните екипи се организирани и во координација со ЦУК , помагаат каде што е најпотребно и најприоритетно, кажува Сашо Точков , претседател на ЦК. Помош укажуваат и на стари и изнемоштени лица кои живеат сами во стариот дел на градот. Неколку дена волонтерите на Црвен крст евакуираат болни и граѓани кои останале заробени во планинските села во Дебрца, кажува Сашо Точков...
Post Views: 3
Регулаторната комисија на денешната седница ја коригираше цената на бензините по одлуката на Владата да ја намали акцизата.
Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 денари по литар.
Владата го намали и надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.
Со оваа мерка Владата се откажа од 10 милиони евра буџетски приходи од акцизи. Важи за период од четири месеци, до средината на август.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски.
„Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...