Post Views: 0
Заменик директорот на средното училиште Данвон во околината на Сеул, чии ученици загинаа кога потона јужнокорејскиот траект Севол, се убил поради неиздржливото чувство на вина. Тоа го потврдила и прошталната порака пронајдена во неговиот паричник.
„Премногу е болно да се преживее сам, додека 200 ученици се исчезнати. Ја превземам целосната одговорност. Јас инсистирав да се оди на екскурзија. Запалете го моето тело и пепелта истурете ја во близина на траектот. Можеби во следниот живот повторно ќе бидам професор на оние чии тела не се пронајдени“, напишал Канг Мин-гју...
Post Views: 3
Државната делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска до сабота ќе учествува на Светскиот економски форум што се одржува во Далиан, Народна Република Кина.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе оствари билатерална средба со својот кинески колега, претседателот на Државниот совет на НР Кина, Вен Џиабао, како и средби со градските власти на Далиан.
Како што е соопштено од Владата, учеството на настанот ќе биде искористено за средби со повеќе светски компании, а покрај тоа ќе бидат посетени и слободната економска зона, царинската зона и зоната...
Post Views: 7
Угостителите кои летово го користеја кејот на реката Црн Дрим, немаат платен надоместок за тоа. Ова се однесува на само еден дел од сопствениците, велат комуналните инспектори.
Маси и столчиња имаше речиси по целиот кеј на дримот, истите беа поставени легално, со зелено светло од советниците, но и на таков начин требаа угостителите да си ја подмират својата обврска, истакна инспекторт Агни Даути. Во одлуката се предвидува на долните кејови да се плаќа надоместок од 500 денари по метар квадратен додека на горните, 360 денари. Овие средства ќе бидеме приморани насилно...
Post Views: 51
Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати во неговиот сервис за електроника. Паункоски во овој занает на електрониката е повеќе од 5 децении. Како што вели, припаѓа на последната генерација повозрасни охридски мајстори. Големо задоволство му причинува кога ќе поправи радио апарат како што се денес во неговиот сервис , приемникот Искра од педесетите години и Козара од шеесетите години од минатиот век.
„Љубовта остана од тогаш до сега. Секогаш ми е мерак кога ќе ми донесат радио, да седнам да го направам, и ништо да нема во него ако треба ќе го склопам.Сатисфакцијата...
Post Views: 9
На еден типичен струшки начин со скокање во водите на реката Дрим од кејот помеѓу Дрвениот мост и Мостот на Поезијата во Струга започна реализацијата на проектот „Наш фестивал”. Програмата на фестивалот предвидува денски и вечерни настани. Настаните во текот на денот ќе се одржуваат во „Паркот на Поезијата“ каде ќе има изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче, како и презентација на стари занаети. Вечерниот дел од програмата подразбира видео презентации, диџеј сетови, и музичка работилница.
„Самиот фестивал е прво издание се надеваме дека ќе прерасне во...
Post Views: 1
Моментално немаат пропишана минимална плата, но 90% од работниците во Швајцарија веќе земаат повеќе од 4000 франци месечно.
Швајцарските избирачи излегуваат на референдум на 18 мај на кој ќе гласаат за минимална плата од 22 франци на час, односно 4000 франци месечно, и така би можеле да станат земја која е на прво место во светот по висината на минималната плата.
Заговорниците за воведување на минимална плата сметаат дека оваа мерка ќе помогне на работниците бидејќи трошоците на животот во Швајцарија се големи.
Иако во Швајцарија има големи компании како Нестле или Новартис,...
Post Views: 5
Вадењето на бродот „Илинден“ кој потона во саботата во Охридското езеро, при што се удавија 15 туристи од Бугарија, најверојатно ќе започне денеска, доколку временските услови го дозволат тоа.
До одлагањето, како што јавува Макфакс, дојде на иницијатива на експерти од Хрватска кои сметаат дека треба под вода да се преснимат уште 16 точки на трупот на бродот, што беше направено во понеделникот.
Овие снимки, според експертите од Хрватска кои заедно со колеги од Македонија и Бугарија работат на местото на тонењето на бродот, се потребни за утврдување на причините, како...
Post Views: 6
На оваа потреба освен што укажуваат стручните лица, интерес пројави и пратеничката Затуроска. Вети дека ќе покрене иницијатива за изградба на ваков центар. Дневен центар за лекување на зависниците од дрога, недостига и во Струга. Оваа потреба пред извесно време ја потенцираа и психијатрите од градот. Иако од министерството за труд и социјална политика имаше ветувања дека оваа идеа ќе се реализира, сепак од тогаш се поминати деве години а досега нема никакви позитивни сигнали за реализирање на истата.Интерес за изградба на дневен центар пројави и пратеничката од редовите...
Post Views: 0
Хотелиерите побараа преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот да се издејстува вработените во оваа индустрија да бидат вакцинирани меѓу првите во земјава. Покрај усогласувањето на сите протоколи и добивање сертификати кои се применуваат во Европската унија, за нив е примарно земјава да отпочне со имунизација. Лани домашната економија од туризмот забележа пад дури од 41 процент. Тоа е спас на претстојната туристичка сезона 2021, апелира Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ.
„Едно од важните барања ќе е угостителските работници да бидат меѓу приоритетните...
Post Views: 7
Лидерот на социјалистите во Европскиот парламент Hannes Swoboda, кој по 18 години се повлекува од активната политика, предупредил дека опасноста ЕУ да се распадне ќе се зголеми ако на скорешните европски избори победат националистите.
„Би сакал многу луѓе да размислат за тој скептицизам, првенствено за тоа дали национализмот е навистина алтернатива. Луѓето би морало да ги интересира каква социјална Европа посакуваат и мораат да се свесни дека националистите не носат позитивни резултати, и дека во минатото тоа носело само војни“, рекол Swoboda за порталот на словенечкиот...
Post Views: 1
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам.
На конференцијата ќе се изврши преглед на ситуацијата во областа на визната либерализација, а ќе стане збор и за понатамошен развој на полициската соработка во Југоисточна Европа и размена на добрите пракси во борбата против тероризмот во Југоисточна Европа.
Министрите ќе потпишат и Меморандум за разбирање во врска со поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна...
Post Views: 8
Ќе се вратат на настава само доколку добијат писмен допис од министерството оти работат на решавање на проблемот.
Сеуште неизвесно, како средношколците во Струга ќе ја следат наставата во иднина. И по безброј одржани состаноци помеѓу надлежните од локлната самоуправа, министерството, директорите, родителите, професорите како и учениците, сепак од тоа нема никаков позитивен ефект. Учениците не се појавуваат на настава, се додека како што велат, не добијат писмен допис од министерството за образование, дека работат на воведување на етнички смени.Иако локната самоуправа...