Премиерот Груевски на светскиот економски форум во Кина

Државната делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска до сабота ќе учествува на Светскиот економски форум што се одржува во Далиан, Народна Република Кина.

Nikola Gruevski
Никола Груевски

Државната делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска до сабота ќе учествува на Светскиот економски форум што се одржува во Далиан, Народна Република Кина.

Kineski zidВо рамки на посетата, премиерот Груевски ќе оствари билатерална средба со својот кинески колега, претседателот на Државниот совет на НР Кина, Вен Џиабао, како и средби со градските власти на Далиан.

Како што е соопштено од Владата, учеството на настанот ќе биде искористено за средби со повеќе светски компании, а покрај тоа ќе бидат посетени и слободната економска зона, царинската зона и зоната за висока технологија во Далиан.

Премиерот Груевски, во рамки на деловниот настан, ќе учествува и на панелот “Соочување со кризата на вработувањето – Влијанието на економската криза врз вработеноста”.

Фокусот на овогодинешниот “Летен Давос” ќе биде темата “Возобновување на растот”, a на него ќе учествуваат повеќе од 1.300 учесници од 86 земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top