Post Views: 6
Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен.
Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.
„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...
Post Views: 5
Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала.
Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина.
Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и да не им се пресметуваат камати. Станува збор за членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба. Ова барање следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на вработените, напоменува Миле...
Post Views: 14
Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар.
„Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...
Post Views: 0
Од денес започнуваат да се емитуваат емисиите посветени на Македонија, на Интернационалниот телевизиски канал „Euronews“.
Како што соопшти Агенцијата за привлекување на инвестиции и промоција на извозот на Македонија, во рамките на програмата насловена „Мacedonian Life” (Животот во Македонија) ќе се прикажуваат петминутни емисии во кои се опфатени темите: живот, бизнис и култура. Тие ќе бидат емитувани 20 пати во текот на една недела, во наредните три недели и тоа на следниве јазици: арапски, англиски, француски, германски, италијански, португалски, руски, шпански и...
Post Views: 13
Доцни исплатата на социјална парична помош, реагираат примателите на овој вид надомест. Последната исплата била за месец октомври. Тие велат дека години нанзад парите од овој вид надомест на сметка им легнувале од 1 до 10 во месецот. Од тогаш па до денес не е исплатена социјална помош за 11, 12 месец минатата година, а веќе изминува и јануари 2015 година. Тие средства многу ни значи да ги добиваме без задоцнување затоа што ни престставуваат единствен извор на средства со кои ги подмируваме пред се потребите за храна, реагираат граѓани од оваа ранлива категорија. Министерот...
Post Views: 5
По три години постоење Меѓународниот Универзитет во Струга се прошири во нов објект со површина од 2.500 метри квадратни. Современиот објект според Болоњската декларација располага со 10 простории со 30 седишта и три амфитеатри. Професор д-р Армен Кадриу од економскиот факултет на Меѓународниот Универзитет истакна дека идните очекувања од оваа високо образовна институција се да прерасне во Универзитетски центар каде што ќе студираат студенти од регионот на Југоисточна Европа.На свеченоста присуствуваа ректорот проф д-р Лисен Башкурти, деканите на факултетите, како и...
Post Views: 1
Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот.
Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен...
Post Views: 3
Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание денеска, во 07:30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски, пренесува порталот Локално.мк.
Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата...
Post Views: 8
Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата на...
Post Views: 3
Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите.
Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за...
Post Views: 14
Туристичката населба која првите гости ќе ги прими во 2017 година ќе биде сместена на полуостровот “Бишки реп” кој се наоѓа на местото каде реката Црнојевиќа се влева во Скадарско езеро.
Изградбата на туристичката населба Porto Skadar Lake во Црна Гора, вредна 90 милиони евра, би требало да започне во март идната година, додека првите гости во овој ексклузивен комплекс би требало да дојдат во јуни 2017 година, најавил за Pobjeda Иван Зиндовиќ, претставник на компанијата Montenegro Resort, која го развива овој проект.
Имено, црногорската влада минатата недела усвоила...