Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, денеска ќе присуствува на свеченото примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда од страна на претставниците на Охрид и делегацијата на Република Македонија.
Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание денеска, во 07:30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски, пренесува порталот Локално.мк.
Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо и според проектот на архитектот Николај Краснов.
Како што работниците пред Собранието изјавиле за српските медиуми, оградата била донесена со авион од Република Македонија.
извор: Nova.rs/локално.мк фото: Filip Krainčanić/Nova.rs
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град