izbori

Почна предизборната кампања

Post Views: 2 Ноќеска на полноќ официјално почна кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни. Таа ќе трае до 3 јуни, а денот пред гласањето е изборен молк. За изборите се пријавени 18 кандидатски листи што ги потврди Државната изборна комисија, а право на глас имаат околу милион и 820 илјади граѓани на Република Македонија евидентирани во Единствениот избирачки список. Социјалдемократскиот сојуз синоќа веќе одржа протестен митинг пред зградата на владата, на кој беа промовирани програмата и носителите на кандидатските...

Continue reading

poplavi

Полека се нормализира состојбата во домовите на граѓаните кои беа поплавени во текот на вчерашниот ден

Post Views: 11 Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“. „Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на...

Continue reading

dijaliza

Заостанати патни трошоци

Post Views: 1 Цели 7 месеци неисплатени средства за превоз. Даниела Будиноска 15 години е на дијализа. Нејзината здравствена состојба последниве две години се искомплицирала повеќе. Таа се движи со медицински помагала и не може без дополнителна помош од друго лице. Будиноска вели дека покрај маките со болеста, последниве неколку месеци се соочува и со административен проблем од Фондот за здравство во Струга. Имено, таа не може да патува со комби возилата и мора на дијализа до оди со такси. Иако патува со такси, таа уредно до Фондот приложувала фискална сметка за надомест на патните...

Continue reading

strajk

Штрајк во охридската Гимназија

Post Views: 12 Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување  со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески...

Continue reading

Одвојување со физички препреки на велосипедските ленти од коловозот за да се спречи нивно узурпирање

Post Views: 0 Одвојување на велосипедските ленти со столпчиња од коловозот бараат активистите од Чист Охрид. Неколку улици во Охрид како „Питу Гули“, „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „АСНОМ“, „Марко Цепенков“ минатата година  добија велосипедски ленти, но досега тие не се на никаков начин физички одвоени од коловозот каде транзитираат автомобилите, реагираат од еколошката организација. Од „ Чист Охрид“ велат дека е за поздрав трудот на локалната самоуправа за унапредување на вело-сообраќајот во градот но, поставување на физички бариери, односно столбчиња е од особена важност. „...

Continue reading

gimnazija nastava

Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава

Post Views: 1 Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник. „До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги известувам...

Continue reading

gimnazija

Штрајкувачки одбор гимназија: „Во понеделник ќе има штрајк“

Post Views: 1 Од понеделник  во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот...

Continue reading

Пет причини зошто е добро да се грицкаат кикирики

Post Views: 0 Кикириките се права енергетска бомба преполна со калории, но нутриционистите и понатаму препорачуваат нејзина повремена конзумација. Тие припаѓаат во фамилијата на мешункасти растенија а богати се со витамини и минерали кои му годат на здравјето. –Го намалува холестеролот – Непржените кикирики, односно оние во лушпа, немаат индустриски додадени маснотии и соли па станува збор за здрава намирница со бројни нутритивни својства. Кикириките се богати со здрави маснотии кои го намалуваат холестеролот, го штитат срцето и крвотокот. –Го урамннотежува шеќерот – Една...

Continue reading

turisti

Мерката за субвенционрање на станоиздавачи добра, но не за сите

Post Views: 8 Новата мерка на Секторот за ТЛЕР за субвенционирање на приватните станоиздавачи од мал обем  вродува со резултат, изјави раководителот Ѓоко Апостолов. Тоа го поткрепува со податокот дека како резултат на спроведување на оваа мерка имале зголемена наплата на туристичка такса дури за 13%. За првото полугодие односно од  јануари до јуни месец на охридските станоиздавачи од мал обем кои уредно ја пријавиле туристичката такса и поднесле барање за бенефиции им биле исплатени 60 000 денари, нагласува Апостолов. За второто полугодие од јули до декември месец минатата година...

Continue reading

Охрид подготвен за „Давид“

Post Views: 1 „Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици....

Continue reading

Најџел Kенеди на „Охридско лето“

Post Views: 0 Британецот воопшто не изгледа како најпродаван класичен виолинист на сите времиња. Најџел има панкерска фризура, се облекува невообичаено за класични концерти, и јавно признава дека е уживател на марихуана за да ја поттикне креативноста! Овој светски виртуоз на виолина е и одличен џез-музичар, па со својот Најџел Кенеди бенд” го обиколува целиот свет и приредува концерти кои прераснуваат во вистинско шоу и спектакл. “Токму затоа неговиот настап на фестивалот Охридско лето” ќе биде со комбинирана програма од класична и џез-музика. Во првиот дел уметникот...

Continue reading

slatinsko ezero

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро

Post Views: 1 Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината  така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица. Тоа не преставува директна опасност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top