Post Views: 2
Охриѓани пијат исправна вода. Но тоа не може да се каже и за стружани и за жителите на Дебрца. Центарот за Јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и Дебар, особено со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои го зафатија охридско – струшкиот регион од 01. февруари. Водата од градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за безбедена вода за пиење, нагласува директорот на ЦЈЗ Атанаско Михаилов.
„Охрид има безбедна вода за пиење по сите параметри и хемиски и микробиолошки. Примероците...
Post Views: 8
Позитивни примери на алтернативен туризам во нашиот регион има во неколку рурални средини како што се Елшани, Куратица, Дебрца и Вевчани, вели Лазар Неданоски, раководител на проектот кон алатернативниот туризма, од Македонската развојна фондација. Искуствата покажуваат дека услови и интерес за повисок степен на развој на алтернативниот туризам има ама луѓето се неодлучни да инвестираат. Луѓето често се во дилема при изборот на формата на алтернативниот туризма која ќе ја продаваат на пазарот, посочува Неданоски. Во тие одлуки многу е битна посветеноста, љубезноста...
Post Views: 2
Најголем износ на мито даваат Македонците, во просек од 1.212 евра, потоа Црна Гора – 470 евра, Хрватска – 410 евра, БИХ – 222 евра, Косово – 174 евра и Албанија – 103 евра, покажува истражување за искуството на граѓаните од Западен Балкан со корупцијата што го спровела Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот во сорабтока со Европската Комисија за минатата година.
Истражувањето покажува дека секој шести жител на Западен Балкан барем еднаш во последната година дал мито.
Од друга страна, во државава е забележан најмал процент на...
Post Views: 4
Во врска со денешното соопштение за медиумите на СДСМ- Охрид ја известуваме јавноста дека:
Лицето на кое се однесува денешното соопштението на СДСМ- Охрид е ангажирано во општина Охрид од страна на претходниот градоначалник на работни задачи во Секторот за урбанизам уште од 26.01.2012 г., или 14 месеци пред преземањето на мандатот од страна на сегашниот градоначалник Никола Бакрачески, со што недвосмислено паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ -Охрид дека сегашното раководство на Општината ангажирало лица врз основа на било каква партиска припадност.
На истото лице ...
Post Views: 3
Медиумите да застанат наспроти сензационализацијата во користењето на јазикот, насловите и фотографиите, мотото и начинот на кој се прикажани сексуалните работници, порачаа од НО „Хопс“.
Сексуалната работа и медиумите. На оваа тема денеска дебатираа претставниците на медиумите со НО „Хопс“. Целта на оваа дискусија пред се беше запознавање на новинарите како правилно треба да пристапат кон презентација на сторијата доколку има настан поврзан со сексуална работа. Катерина Партинова рече дека со медиумите мора да воспостават една базична соработка бидејќи според неа медиумот...
Post Views: 10
Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет.
Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите.
Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението...
Post Views: 1
Охрид како туристички центар воопшто не е скап. Наспроти тврдењата и поплаките на граѓаните по социјалните медиуми, Независната угостителска комора, смета дека цените на хотелските и угостителските услуги на брегот на Охридското езеро се на нивото на услугата. Градот поседува уникатни културни и природни вредности и не смее да се споредува со приморските туристички места кои имаат многу поголеми капацитети и можност да нудат поевтини туристички аранжмани.
Според НУК цените во Охрид треба да растат.
„Сметам дека цените во Охрид би требало со тек на време да растат,...
Post Views: 3
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2015 година (среда), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Почитувани родители, ученици, колеги и сограѓани !!!
Зарем дојде моментот кога значењето на зборот ДАСКАЛ треба да се бара во речник ?!
Тоа е човекот кој со своето знаење креира личности – идниот столб на општеството. Во успехот на возрасните лежи и дел од тие што ги воспитувале, образовале. За потсетување, учителот отсекогаш важел за важен човек, почитуван, мудар кој ги учел своите ученици на доблести, морални вредности. Градел од нив луѓе кои ќе станат стожер на општеството. Никакви пари не можат да го заменат задоволството од тоа кога во луѓе што се лидери,...
Post Views: 5
Најголемата турска прехранбена компанија Yildiz holding склучи договор за купување на британскиот United Biscuits, компанија која во историјата е забележана како изумител на легендарните Jaffa колачи (кај нас популарната Ресана) уште во 1927 година. Спрема наводите на британските медиуми, Турците за оваа трансакција ќе платат две милијарди фунти, а со спојувањето со компанијата Ulker, ќе биде создаден третиот најголем производител на бисквити и колачи во светот.
За да дојде до United Biscuits, Yildiz во жестоко натпреварување морал да ги победи американскиот Kelloggs...
Post Views: 2
Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни.
Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем.
„Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски...
Post Views: 16
Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид.
Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема.
Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата.
Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање...