Се огласија професорите од охридската гимназија кои штрајкуваат

„Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставано сакаме слободно да се одлучиме.“ велат тие

 |  Голабовски Крсте  | 
gimn_ekonom
гимн_економ

Почитувани родители, ученици, колеги и сограѓани !!!

Зарем дојде моментот кога значењето на зборот ДАСКАЛ треба да се бара во речник ?!

gimn_ekonomТоа е човекот кој со своето знаење креира личности – идниот столб на општеството. Во успехот на возрасните лежи и дел од тие што ги воспитувале, образовале. За потсетување, учителот отсекогаш важел за важен човек, почитуван, мудар кој ги учел своите ученици на доблести, морални вредности. Градел од нив луѓе кои ќе станат стожер на општеството. Никакви пари не можат да го заменат задоволството од тоа кога во луѓе што се лидери, научници, бизнисмени … не само кај нас туку и во светот, ќе ги препознае своите ученици. Веднаш се сеќава на местата и клупите каде седеле. И неодминливо е задоволството што се раѓа во тој момент. Влогот што го става учителот во креирањето личности од учениците е составен од знаење, умешност, трпение, сочувствување со нивната мака или радоста заради нивната среќа. Зашто постојано им кажува дека споделената тага се намалува, а пак споделената среќа се зголемува.

И токму денес кога за жал ние даскалите сме презантирани во една сосема друга конотација изјавуваме дека :

“Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставано сакаме слободно да се одлучиме. И се  случи она од што најмногу се плашевме- дека браниме партиски бои, а всушност се побунивме против страшната суровост која нe обезличува како интелектуалци и луѓе со сопствени ставови. И разберете нe дека забраните само создаваат лицемери и духовни инвалиди” .

Стои во соопштението на  професорите кои штрајкуваат во ОХРИДСКАТА ГИМНАЗИЈА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top