srusena kuka

Невремето ја урна куќата на Неџат Рамадан, самохран татко на две болни деца

Post Views: 3 Без покрив на глава остана Неџат Рамадан самохран татко на две деца со пречки во развојот, 19 годишниот Омер и 20 годишната Рената. Поради обилните врнежи од снег и дожд неговата  стара куќа на почетокот од февруари се сруши и од неа не остана ништо. Среќа во несреќа е што Рамадан имал претчуство дека куќата ќе се урне и се сместил кај соседот кој му отстапил дел од својата куќа, без да палќа кирија, само давачките за струја, вода и комунално. „Ние куќата ја напуштивме денски и од невремето од дождот и снегот на први, втори во 5 часот изутрина куќата целосно беше рушена....

Continue reading

pristaniste

За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании

Post Views: 0 Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното  пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат  од Локалната самоуправа. Од таму  не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој  простор за да се  спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба...

Continue reading

angel investor

Формирана мрежа на „Бизнис ангели“ во Македонија

Post Views: 10 Центарот за иновации при Проектот на УСАИД за конкурентност ја лансираше првата мрежа на бизнис ангели во Македонија. Оваа мрежа претставува формална мрежа на „ангели“ инвеститори – претприемачи и богати поединци подготвени да инвестираат сопствени финансиски средства, знаење, вештини и социјален капитал во нови и иновативни бизнис идеи со потенцијал за висок раст.– Следејќи го примерот на многу земји, бизнис-ангелите се одличен начин за финансирање старт-ап бизниси, особено оние кои се ориентирани кон иновации, смета Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД. ...

Continue reading

logo

СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри

Post Views: 0 Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена. Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции? Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015...

Continue reading

policija

СВР Охрид-Мерки за безбедност преземени за време на викендот

Post Views: 9 СВР Охрид  во соработка со соодветни инспекциски служби, викендов презеде мерки за мерење на бучавоста во Охрид и околните населби. Мерките беа преземени на повеке точки во Охрид, Пештани и Лескоец, во содејство со Инспектор за животна средина од Локалната самоуправа и претставник на консултантска куќа за животна средина од Скопје. Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид изврши контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид и Струга, а со цел констатирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Во еден...

Continue reading

Sv.Bogorodica Kamensko

Литургија по повод „Сретение Господово“

Post Views: 0 ебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 фебруари  2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition...

Continue reading

15 години од смртта на Вангел Наумовски

Post Views: 0 Славниот Салвадор Дали на изложбата на Вангел Наумовски во Галеријата „Мона Лиза“ во Париз во 1970 година ќе рече :  „Ова е сликар од бајките. Тој е наивен сликар, но Медитеранот оставил силен печат на него. Мошне е префинет и суптилен. Ова е комплетна изложба. Неговото сликарство е блиско до моето. Мене не ме интересираат обичните наивни сликари. Кај Наумовски има елементи кои може да бидат дури и научни. Исто така интересна е и биолошката страна на неговото сликарство“. Вангел Наумовски, според енциклопедиските податоци е роден во охридското село Скребатно во 1922...

Continue reading

slavini

Основците од „Св.Климент“ ќе штедат вода

Post Views: 4 Во рамките на проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“ во организација на ОХО, ОУ  „Св.Климент Охридски“- Охрид зеде учество и изработи проект за заштеда на вода, со што се здоби со финасиски грант. Средствата од грантот беа строго наменски и поврзани со проектот. Така што во сите тоалети и спортската сала беа променети старите славини со нови „временски“ славини кои сами се исклучуваат по одредено време. Со оваа активност планирано е за 20-30% проценти да се намали потрошувачката на вода во однос на минатото. {loadposition content9}

Continue reading

altanin most

„Алтанин мост“ ќе добие ново лице

Post Views: 1 Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните  врнежи од дожд и снег и надојдените води на  реките  низ територијата на општина Охрид, има оштетувања. Градоначалникот Никола  Бакрачески  по извршените консултации со стручните служби од општината ,  издаде наредба за санација на мостот веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Причината за позначителните оштетувања на Алтанин мост,стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на река Сатеска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот. Надлежните лица...

Continue reading

Пресметано е просечното времетраење на чувствата

Post Views: 1 Научници од Белгија спровеле студија во која следеле испитаници во секојдневниот живот, ги анализирале нивните емоции, како и интензитетот и нивното просечно времетраење. Преболување на љубовна врска, смрт на близок или генерално чувството на тага е емоција која има најголемо времетрање кај луѓето, а една од причините за тоа е тоа што таа емоција трае 240 пати подолго отколку другите чувства како што се срамот, изненадувањето, нервозата или досадата, покажала студијата на белгискиот универзитет од Ловен. Од 27 различни чувства, тагата трае најдолго, околу 120 часа, а...

Continue reading

carsija

Охридската чаршија изумира

Post Views: 1 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Од почетокот на новата година па до сега затворени се десетина дуќани.  Високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Тие кажуваат дека доколу сте отвориле бизнис во самата чаршија тогаш  ќе мора да издвоите 600 или 700 евра месечно  ако дуќанот е на самиот почеток на чаршијата, па се до 1000, 1500 па дури и 2000 евра месечна кирија во самото срце на чаршијата. А ако ви бараат за година однапред, ќе треба да искеширате од 7200 па се до 24.000 евра. Во разговорот...

Continue reading

humanitaren koncert

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Post Views: 9 22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top