Post Views: 1
Продолжува сечењето на повеќегодишните стебла кај пешачката патека од мостот до хотел Парк. Систематското уништување на дрвјата во интерес на урбанизацијата овој пат излезе од контрола. Останува прашањето уште колку дрвја треба да паднат за да се слушне гласот на еколошките друштва од градов?Пред очите на охриѓани се сечи на големо. Продолжува сечењето на повеќегодишните дрвја на потегот кај пешачката патека од мостот до хотел Парк. Во интерес на урбанизацијата жртви се стебла на врби и евли стари и по педесет години. Од Локалната со цврст став. Објаснуваат дека постои...
Post Views: 7
Мал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни пласманот...
Post Views: 1
Започнаа уписите во средните училишта во земјава кои ќе траат во следните три дена. Во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта во земјава. Од вкупниот број на слободни места во прва година средно образование, 19.602 места се во стручното образование во 604 паралелки, 9.261 место се во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 места во 35 паралелки се наменети за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.Годинава на средношколците им се нуди опција...
Post Views: 11
И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“. Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор,...
Post Views: 19
Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени?
Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар.
Револтирани...
Post Views: 0
Мета на американските авиони наводно било собирањето на лидерите на Исламската држава, а во нападот наводно е тешко ранет и лидерот на екстремистичката организација Abu Bakr al-Baghdadi. Ова го тврдат локални сведоци и владини извори, а пренесува Daily Mail.
Двајца сведоци потврдиле дека бомбите паѓале на градот al-Qaim на сиријската граница. Извори на владата тврдат дека авионите го надлетувале состанокот на функционерите на Исламската држава, а во нападот загинале десетина лица. Abu Bakr al-Baghdadi со останатите ранети завршил во локалната болница, а функционерите...
Post Views: 5
Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи.
Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена...
Post Views: 4
Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица....
Post Views: 1
Четириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.Роберто Батели од Словенија ќе ја предводи меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ за изборите на 5-ти јуни, соопштуваат од организацијата. За Батели, ова ќе биде петти изборен процес што го набљудува во Македонија.За следење на изборите досега се акредитирани и 7.341 домашни набљудувачи.МВР, пак, вчера заврши со дистрибуцијата на недоверливиот гласачки материјал, кутии, паравани и слично до општинските изборни организации. Во согласност со договорената агенда со...
Post Views: 1
И после еден месец од алармирањето за состојбата на лебедот со скршено крило никој не се најде надлежен за да помогне оваа ретка птица да се спаси. Уште еднаш на површина излегоа пропустите на институциите кои не знаат што се нивните ингеренции.
Лебедот со скршено крило сеуште никој не го згрижи. За повредениот лебед Телевизија ТВМ пишуваше уште пред еден месец, но надлежните сеуште се прават слепи и глуви. Информирано е Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа, еколошките друштва, но никој не превзема ништо, велат од „Анималија“,...
Post Views: 0
Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека побарале спас од струшките...
Post Views: 8
Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви и...