Post Views: 3
Се урбанизира индустриско развојната зона Мауцкер. Советот на општина Охрид на последната седница го усвои ДУП за оваа зона која опфаќа околу 18 хектари земјиште. Како што истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, за брзо време, 14 те парцели ќе бидат достапни за сите компании кои сакаат да отворат нови или да ги прошират постоечките индустриски капацитети.
„Нас особено ќе не радува фактот доколку локалните или охридските компании бидат заинтересирани за изградна на свои капацитети на овој простор, истите да аплицираат и истите да ги добијат, по што најверојатно...
Post Views: 1
Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.
Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година.
Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач...
Post Views: 2
Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи синоќа во Скопје во 23 часот ја блокираа улицата на автобуската позната како Рекорд во знак на протест за смртта на 22 годишното момче за кое очевидци тврдат дека бил претепан од припадник на специјалната единица за брза интервенција Алфи.
По собирот во Градскиот парк, насобраните седнаа на асфалтот и испратија порака до надлежните да се открие вистината за смртта на момчето, кое настрада пред два дена на скопскиот плоштад. Групата ги повика надлежните во министерството за внатрешни, да го откријат...
Post Views: 3
Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување на 36та седница на совет. Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар неприфатлива за опозицијата во советот. Координаторот Јован Стојаноски рече дека ова е уште еден пример на раскрчмување на општинскиот имот.
Ние не сме против реализација на капитални проекти корисни за градов но сме против ваквиот начин на нивна реализација. Ваквите се неповолни и не се во интерес на граѓаните.Во општинава не остана веќе педа земјиште...
Post Views: 0
Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ тема број еден во струшката чаршија. Како можни кандидати се спомнуваат имиња на активисти кои се на челните позиции на институции, професори, сопственици на кафулиња, адвокати. Меѓу нив е и името на Надица Николовска, раководител на пазарниот инспекторат од Струга, Стефан Томаноски, сопственик на кафетерија, Боро Симјаноски, адвокат, Васил Максимоски, професор, Станислав Буклиоски ,доктор, Мирко Савески, екс директор на СИЗ и Тони Чуркоски професор. Интерес за оваа позиција пројавиле 27 кандидати. Пратеничката...
Post Views: 36
Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска.
„Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...
Post Views: 0
Дел од охридските кајчари останаа без паркинг место за своите пловни објекти. Речиси е невозможно да се добие паркинг место за нов пловен објект бидејќи нема доволно простор во каналот Студенчишта. Директорката на ЈП „ Билјанини извори“ кое стопанисува со јавниот градски паркинг, Гордана Јованоска вели дека ова е проблем кој не е нов, а за да се добие нов паркинг простор потребно е некој од старите закупци да се откаже за истото место да биде доделено на следниот на листата на чекање.
„Во последно време се соочуваме со недостиг на места исто како што беше и во...
Post Views: 3
Охрид се сеќава на ликот и делото на гемиџијата Марко Бошнаков на 107 годишнината од неговата смерт. Денес по тој повод пред неговата спомен плоча, делагација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот , Гордана Коњановска, претставници на политичките партии и директорот на ОУ Христо Узунов, Тони Симоноски со група основци, положија свежо цвеќе. Дејан Паноски во своето обраќање пред присутните истакна, дека денес уште еднаш треба да се потсетиме на охридскиот и македонски револуционер, Марко Бошнаков, роден во 1874 година во едно тешко време, а посебно...
Post Views: 5
Во сабота 28.02.2015, на патниот правец А2 Охрид – Кичево (Врбјани – Пресека), поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 – 14:00 часот.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на планинските превои Буково, Маврово, Стража и Крушево но снегот не се задржува на коловозот.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Американскиот џин Microsoft објави дека овој месец ќе го лансира новиот мобилен телефон, Lumia 535 по прифатливи цени за сите пазари, но без брендот Nokia, само неколку месеци откако ја купи финската компанија.
Опремен со најновата верзија на оперативниот систем Windows 8.1, Lumia 535 и Lumia 535 dual SIM ќе имаат отприлика цена од 110 евра пред оданочување, се наведува во соопштението на Microsoft. Овој телефон ќе има на предната страна широкоаголна камера од 5 мегапиксели и 5 инчен qHD монитор.
Паметните телефони кои работат на Windows софтевери, воглавно Lumia, во...
Post Views: 0
Наместо закуп на штандови на туристички саеми локалната самоуправа во иднина ќе организира Охридски вечери. Ова е новата стратегија со која Охрид ќе се промовира, а која од Белград на одржаниот саем за туризам ја најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Самостоен закуп на брендиран штанд на саемска манифестација финансиски чини многу пари. Организирањето на Охридска вечер со директни промоции за таргет групи покажале дека од финансиски аспект се подостапни, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Тлер.„ Во овој момент сметаме дека е попрактична и подобра за...
Post Views: 4
Накит, играчки и украсни предмети се продаваа во објектот Развигорче. Продажните предмети беа изработени од децата од сите градинки на ЈОДУ„Јасна Ристеска“. Ова е втора акција насловена како „ Од деца за деца“.
Хуманитарниот настан беше посетен од родителите кои се вклучија во активностите на градинката и гледаат со одбрување на всадување на хуманите навики кај своите деца.
Собраните средства од денешната продажна хуманитарна аукција се наменети за поплавените населени места Могила и Новаци. Децата од сите објекти од предучилишна возраст, помогнати од нивните родители ...