crkva

Во Охрид поскапе само венчавката

Post Views: 6 Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја.  Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари. Дебарско кичевкиот митрополит  г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со  која  раководи зголемена е цената само на венчавките.  Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка...

Continue reading

Практичен магнет во ладилниците

Post Views: 4 Остатоците од храна во пластични кутии, овошје и зеленчукот или разни други намирници лесно можат да направат поприлична конфузија во вашиот ладилник, а тоа ќе ве спречи во брзото земање на шишето омилен пијалок. Благодарение на изумот на Brian Conti, тоа веќе нема да претставува проблем. Stronge like bull (силен како бик) е името на екстра силниот магнет за стаклени шишиња, кој се поставува на горниот дел од внатрешната страна на ладилникот и така овозможува поголем простор за располагање во овој кујнски уред. Наместо на страниците или на полиците, магнетот овозможува...

Continue reading

farmeri

Младите охридски фармери заинтересирани за бизнис во земјоделството

Post Views: 6 По 600 000 денари за младите фармери кои сакаат да отворат свој бизнис. Тие до крајот на март годинава, можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за добивање на овие средства. Станува збор за неповратната парична помош која се однесува на започнување на сопствена дејност. Како што изјави Билјана Ѓорческа, од Агенцијата за поддршка во земјоделството Р.Е. Охрид, еден од условите е младите земјоделци да не се постари од 40 години и да се регистрирани помалку од 18 месеци. „Мора да имаат постоечко земјоделско стопанство односно да бидат...

Continue reading

Скопјанец ја купи атрактивната локација под Плаошник

Post Views: 4 Скопјанец ја купи  атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција. Локацијата од 202 м квадратни продаена е  по цена од 51 илјада денари за метар квадратен,односно 167.000  евра за целата парцела. Од овие пари околу  130.000 евра се за локалната самоуправа ,а  останатите за Министерството за транспорт и врски.   Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“. Според...

Continue reading

stop police brutality

Секојдневни протести за правда за младиот Мартин

Post Views: 2 Смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски кој во неделата вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ беше брутално претепан од припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, ги крена младите на нозе. Протести се планираат секој ден, а денешниот протест ќе се одржи во 18.00 часот пред споменикот на Мајка Тереза, каде што повторно ќе се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот револт против бруталното убиство на млад човечки живот. Ваквите вести редовно се пренесуваат преку Фејсбук и Твитер, од профил до профил или преку групите кои се појавуваат и исчезнуваат,...

Continue reading

laboratorii

Во болничката лабораторија нема реагенс за тумoр маркери за простата

Post Views: 0 Во охридската болничка лаборатотија е зголемена побарувачката за тумор маркери за испитување на простата. Некои пациенти чекаат термин за испитување на тумор маркерите  според  планот за работа на лабораторијата, вели д-р Елена Шикаловска, раководител на специјалистичката болничка лаборатотија. „ Во моментов  е потрошен тој реагенс бидејќи имаше интензивно трошење. Во тек на оваа  недела ќе добиеме нов реагенс и продолжуваме со работа. На  пациентите им е  закажан термин да се јават или  да им се  јавиме ние. Досега  не сме имале недоразбирање или конфликти со пациентите...

Continue reading

taksi

Воведување ред во такси превозот

Post Views: 10 Таксистите ќе се ставаат во колосек. Со назначувањето на новиот советник инспектор за патен сообраќај се средуваат пропустите со авто таксистите во градов. Ова е еден од најгорливите проблеми кој се повеќе е изразен за време на летната сезона и за кој години наназад надлежните очајно бараат излез. Досега најчестиот изговор за незавидната состојба во која се наоѓа такси превозот во градов беше префрлање на топката од еден на друг. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски во врска со овој проблем излезе со првичните резултати на изречени казни.„Досега...

Continue reading

stanovi

Отворени денови на АДСДП

Post Views: 6 Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката Ве известува дека започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“. Се покануваат граѓаните на Република Македонија да присутвуваат на средбите и да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно „ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ“, откуп на становите по проектот FP1340 и за сите проблеми кои што ги мачат граѓаните,  а се поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и...

Continue reading

УНЕСКО е заштитен знак на охридско – струшкиот регион, децидни се стручњаците

Post Views: 0 Ова беше заклучокот од синоќешната панел дискусија на експерти, индивидуалци, здруженија на граѓани и претставници на институции во рамки на креативната иницијатива “УНЕСКО на дланка”, на Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и нивниот партнер, Националниот младински совет на Македонија. Професор доктор Трајче Талевски од хидробиолошкиот завод од Охрид вели споделува дека целата убавина, ендемизам, карактеристиките на растителниот и животинскиот свет придонесоа Охридското езеро веднаш...

Continue reading

stelci

Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови

Post Views: 6 Викендов на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учество зедоа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“ кои успешно ја започнаа сезоната. Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав: Симеона МилескаСтефани Ефтимоска иМарија Магдалена ШишкоскаВторото место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК ,,Лихнидос,, во состав:Луана ПопоскиМила...

Continue reading

nurkaci

Започна големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро

Post Views: 2 Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што...

Continue reading

Ренот сојузник во борбата против воспалени синуси

Post Views: 1 Со првиот силен ветар и ладните денови се враќаат маките на сите оние кои имаат проблем од чести воспаленија на синусите. Тие се пропратени со неизбежните главоболки каде не помагаат ниту најсилните лекови. Поради тоа подобро е да се свртите кон природните методи за ублажување на болките отколку да пиете разноразни хемиски производи. Добар сојузник во оваа борба е ренот. Препораката е да го изрендате и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од пола литар и да го затворите. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено промешување....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top