Post Views: 4
НОБ никогаш не треба да се заборави. Новиот претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците НОБ од Охрид, Гоце Георгиески, веднаш се зафати со работа. Координацијата на 500 членови од Охрид за него претставува предизвик и задоволство, бидејќи верува дека работи со луѓе кои ги почитуваат единствените цели за постоење на ова здружение. Како основни цели Георгиески ги потенцира, чување и негување на борбените традиции и придобивки од НОБ, како што се победата, слободата, нацијата и народот.
Георгиески истакна дека веќе за нецели две недели донесена е програма за...
Post Views: 2
Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на градот...
Post Views: 1
Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.
Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија...
Post Views: 2
Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената.
Во два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев.
„Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е пораката...
Post Views: 1
Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека во проектот ќе влезат четири...
Post Views: 3
Шефот на Amazon, Jeff Bezos најави дека во неговата компанија сакаат да ја забрзаат доставата на производите, а еден од начините со кои производите ќе доаѓаат побрзо до купувачите е по пат на беспилотни летала. Минатата година започнаа со тестирање на ваков начин на достава во САД, а сега најавија тестирање и во Велика Британија. На странцата од компанијата објавиле оглас за вработување во нивната канцеларија во Кембриџ во кој навеле дека “работат на иднината” и дека бараат луѓе кои се стремат кон иновации.
Меѓу огласите за работа се наоѓа и работното место “инженер...
Post Views: 1
Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на хиперпродукцијата...
Post Views: 2
Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се...
Post Views: 1
19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање.
Илјадници луѓе во Македонија зависат од неформалното собирање на материјали за рециклирање. При усвојувањето на Законот за пакување и отпад од пакување голем предизвик...
Post Views: 1
Една недела предавања од нобеловци во прекрасното средновековно градче Исео на истоименото езеро во Италија. Општина Охрид се вклучува во афирмација на познатата меѓународна летна школа во Италија преку организирање на учество на студенти од Охрид. Поточно станува збор за учество на студенти кои завршиле економски науки или студенти кои следат мастер студии од областа на економијата , како што појаснува Антонио Балески од Секторот за ТЛЕР. Додава дека сите заинтересирани студенти во период од 20 – 27 јуни годинава, можат да бидат дел од глобалната конференција во...
Post Views: 1
Не се памети од кога започнала традицијата на големото одбележување на големиот христијански празник Спасовден. Кој ќе дојде на овој ден во црквата „Св. Спас“, не смее гладен да си замине. Вака велат мештаните на двете соседни села Горно и Долно Лакочереј. За значењето на овој голем празник кажа Протојереј Димче Ѓоргиески. Тој го појасна патот на човечката душа од упокојувањето до наоѓањето на вистинското место на небото.Советникот од редовите на СДСМ, Климе Тренески, како домаќин на оваа слава на манастирот Св. Спас, кажа нешто повеќе за негувањето на традицијата за...
Post Views: 6
Охридското езеро е во врвот на дестинациите за развој на наутичкиот туризам. Нашата акавторија е огромна кога станува збор за езерата , вели капетаноит Горан Устијаноски кој ги претстави сите предности на нашето езеро на Саемот за наутика во Белград. Потенцијалите се огромни кога станува збор за пловењето, едрењето и едриличарските спортови, напоменува Устијаноски. Додав дека езерото со своите карактеристики предизвикало голем интерес кај наутичарите во Белград.
„ Апсолутно ако гледате и направите споредба со другите езера во светот Охридското езеро со сигурност...