Post Views: 2
Советниците од опозционите партии во Советото на Општина Охрид, како СДСМ, Вмро – НП, ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот Никола Бакрачески како и до претседателот на советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, на дневниот ред на седницата која што треба да се одржи на 13- ти март да бидат поставени уште една точка Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишкото блато.
Како причина во доставеноо барање го наведуваат се поголемиот револт кај граѓаните и заради актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на...
Post Views: 15
Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место во Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство. Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција. Од прво осомничениот,...
Post Views: 1
Започна монтажата на споменикот „Воин на коњ“ (кој го претставува Александар Македонски на Букефал) на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Ова е најголемиот споменик на Александар Македонски во светот.Споменикот е висок 12 метри, по идејно решение на Валентина Стевановска а ќе биде поставен на постамент висок 10 метри. Во моментов работници монтираат скелиња околу фонтаната, која ќе послужи како постамент за споменикот. На плоштадот се поставени и делови од споменикот чие монтирање ќе започне во текот на денот.
Споменикот е изработен во италијанската леарница...
Post Views: 3
За само една недела од грип заболеле 311 охриѓани. Амбулантите на матичните лекари, но и на инфективното одделение се полни со пациенти заболени од грип. Епидемиологот д-р Јованка Стурллакова Коровешоска од Центарот за јавно здрвје Охрид, информира дека засега се изолирани вирусни инфлуенци од типот А и Б. 87 проценти од заболените се инфицирани со вирус тип Б , а останатите 13 посто од тип А, укажува д-р Коровешоска. Статистиката покажува дека во првите два месеци од годинава споредени со 2014 има поголем број заболени од грип, но за среќа нема фатални случаи....
Post Views: 7
Нашето културно и историско богатство со кое се гордееме, оставено на милост и немилост. Мал број верски објекти и друг црковен имот, осигурани.
Ако овие објекти имаат непроценлива културолошка вредност, нивната материјална вредност може да се одреди. И покрај изјавите на високи црковни лица дека нивно осигурување не е можно, претставници на македонските осигурителни компании го тврдат спротивното.
Дали македонските сахрални објекти се обезбедени од ризици? Требаше ли да ни се случи трагедија како пожарот во манастирот „Св.Јован Бигорски“,за да се запрашаме колку...
Post Views: 2
Ѓорѓи Трпчески повторно ја доби довербата од 21 месен огранок за претседател на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца. Во една фер и демократска атмосфера од отворен карактер, од 26 до 24 февруари годинава се спроведе постапката за избор на нови раководства во Месните ограноци, Собранието и телата и органи на ЗП од Охрид и Дебрца. Без приговори и забелешки сите месни ограноци одлучија Трпчески и наредните 4 години да продолжи да ја води најголемата и најактивна пензионерска организација препознатлива по своето делување во повеќе сфери а посебно истакната на полето...
Post Views: 3
Означен стартот за уредување на Лајонс паркот Охрид. Започна првата фаза за подготовка на хортикултурно уредување на дел од потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача. Изградбата на паркот е заложба на сите 4 Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид.
Маријан Талев, гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, напомена дека како дистрикт 132 ќе ја поддржат оваа акција која е за граѓаните на Охрид.
„Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид, млади, хуманитарни,...
Post Views: 5
522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните податоците...
Post Views: 4
На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7 март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид.
Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма.
Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат,танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот...
Post Views: 3
Историчарката Бевери Гејџ од Универзитетот Јејл пронашла нецензурирана верзија на прошталното писмо од FBI, кое било пратено до др. Мартин Лутер Кинг.
Наведеното писмо било обид на тогашниот шеф на FBI Едгар Хувер да го вознемири водачот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена пред, Лутер Кинг, да ја добие Нобеловата награда за мир во 1964 година.
Содржината на писмото всушност било закана дека ќе се изнесат во јавноста неговите вонбрачни активности и го наговарале да си го одземе животот. “За тебе постои само еден пат. Подобро ти е да си го одземеш...
Post Views: 0
Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ и на Владата, за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен...
Post Views: 1
Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид.
Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за...