Post Views: 0
Високи температури и сончеви денови го најавија летото, кое официјално почнува вечерва во 19 часот и 16 минути.Денешниот ден ќе биде најдолгиот во годината и ќе трае 15 часа и 19 минути. Сонцето ќе изгреe во 4.49 часот, а ќе зајде – во 20.08 часот.
Летото ќе заврши на 23 септември во 11 часот и пет минути, кога ќе настапи есента.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко.
Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески.
Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот...
Post Views: 8
Убавата традиција не би требало да се наруши. Матурските таблоа секоја година привлекуваат големо внимание во јавноста. Луѓето се љубопитни да видат кои се лицата на годинешните матуранти. Но, годинава тоа не им беше овозможено. Имено, во струшката чашија на препознатливите места, излозите од дуќаните не сретнавме матурско табло. Стружани велат дека местото на таблоата им е тука и не смее да се дозволи оваа традиција да згасне.Директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, вели дека веќе има истакнати таблоа на матуранти, но тие не се на очекуваните излози. Раководителот...
Post Views: 1
Невладините организации обвинуват дека деградацијата на Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување...
Post Views: 1
Во охридскиот вакцинален пункт тече без застој имунизацијата на граѓаните. Досега се вакцинирани преку 32.000 граѓани од регионот. Пријавените граѓани се имунизирале со различни вакцини како Синофарм, Синовак, Астра Зенека и Фајзер во зависност од испорачаните вакцини.
Граѓаните кои се пријавиле на постоечкиот сајт не чекаат долго за закажување на термин за вакцина.
Горан Балев, директорот на охрдската Општа болница, информира дека на закажаните термини луѓето не чекаат долго. Во моментов, граѓаните се имунизираат со вакцината на Синофарм. Досега не се забележани несакани...
Post Views: 13
После 4 децении испливаа на површина проблемите на О.У. „Братство Единство“. Азбесните кровови на училишните згради, водоводно канализациониот систем, санитарните чворови, асфалтирањето, осветлувањето, се само дел од проблемите за кои ова училиште веќе подолг период бара решение. Како што истакна директорот на училиштето Муамер Доко, со реновирање на двата објекти би се подобриле условите за работа и престој на нивните ученици и наставниот кадар.
„Овие училишни згради се меѓу најстарите, кога реков дека централната зграда е пред 65 години, додека пак зградата во...
Post Views: 2
„Jа информираме јавноста дека сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овај дел од Охрид.“Јавно искажеме поддршка и согласноста за урбанизација на нашите приватни имоти затоа што никој нема право да ни го одземе правото на урбанизација на земјиште на кое нема ни б од блато.Застануваме зад носењето на Генералниот урбанистички план што се однесува за овој дел од Охрид , затоа што со сегашниот кој е донесен во 2006 година, нашите имоти се блокирани во однос на остварувањето...
Post Views: 5
Да се изгледа документарен филм од 45 минути, и повеќе, знае понекогаш да биде потрошувач на времето, а особено во време кога секоја минута е важна. Со оглед дека живееме во време на Twitter и Facebook, информациите се побрзи од било кога, па така овој Twitter профил го дава само најдоброто од светот на науката, технологијата, животот, биологијата, механиката и.т.н.
Со близу 200.000 следачи и твитови кои се ретвитани по 19.000 пати @ThingsWork профилот стана прав хит на интернет. Ова е една од оние позитивни работи кои не едуцираат како нештото функционира и не се губи...
Post Views: 3
На 20-ти март 2015 година Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе организира Отворен ден во Центарот за вработување во Охрид.
Според најавите, во рамки на оваа активност, која ќе започне во 11 часот, ќе присуствува и директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Отворените денови на агенцијата се организираат и во останатите македонски градови и имаат за цел да ги запознаат невработените и работодавачите со мерките и програмите за вработување.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Oтстатокот од Студенчишко блато да се ревитализира и заштити. За таа цел да се утврдат точните граници и просторот на кој се протега од страна на стручни лица. Останатата површина од урбаната заедница 17.1, во која спаѓа и блатото да се планира со Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен во иднина. Ова беше еден од заклучоцоте на јавната стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за периодот 2014-2024 за повеќе делови од општината каде спаѓа и Студенчишкото блато. Ова воедно бил и заклучок на Владата донесен врз основа...
Post Views: 5
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар.
Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар.
Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм,...
Post Views: 7
Објектот на поранешното училиште Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат пократкиот приод до школото Св Климент, а и за минувачите кој поминуваат покрај овој објект.
„ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок пат.
ТВМ го контактираше...