Post Views: 0
Премиерот на Владата, Николоа Груевски, вчера во посета на Струга и струшко.
На средбата со граѓаните покрај премиерот учество зедоа и министри од Владата, еминентни членови на ВМРО-ДПМНЕ како и претставници на партиското раководство. Се зборуваше за влијанието на светската економска криза врз македонската економија, борбата со криминалот и справувањето со проблемот со името.
Борбата со светската економска криза и последиците од неа, борбата со криминалот во државата и надминување на проблемот со името, беа темите на кои се осврна Премиерот Груевски на трибината во...
Post Views: 11
Драстично пораст на бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи. ...
Post Views: 0
Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден.
На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година, од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство.
Тој, со подесен предмет ја оштетил и ја отворил металната врата за влез во дворот од првата куќа а потоа и прозорот на приземјето. Откако влегол, извршил...
Post Views: 2
Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на Детско Драмско Студио.
Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен.
Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден.
Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот...
Post Views: 8
Ирецот Stefan Nolan имал необичен провод во берлинската зоолошка градина. Имено, една горила била очигледно незадоволна што го снимаат па го нападнал Nolan со камен.
За среќа успеал да го избегне ударот и се извлекол неповреден.
“Мислам дека горилота не е љубител на Ирци”, во шега изјавил Stefan Nolan, а пренесува Daily Mirror.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 29 март 2015 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Петата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид во организација на Гете-Институт Скопје ќе се одржи работилница на германски јазиик на тема „Нови медиуми, подвижност и уметност“ раководена од референтот, уметник и педагог, Карстен Гале од Германија.
Темата на работилницата е создавање музика преку современата технологија. Карстен Гале со учениците од 8 и 9 одделение ќе создава музика со помош на смартфони, I-pad, компјутери и ќе ги мотивира учениците да творат текстови за песни на германски јазик.
Целта на оваа работилница е да мсе покаже дека со помош на овие електронски апарати...
Post Views: 4
Конститутивната седница на седмиот собраниски состав започна денес на пладне, на истекот на законски предвидениот рок. Ова е договорот од координативна средба на спикерот Трајко Вељаноски со претставници на политичките партии што влегоа во Парламентот и со најстариот пратеник Љубисав Иванов-Ѕинго, кој ќе ја води првата седница.На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието.По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување...
Post Views: 8
Во голема сала на Општина Охрид ќе се одржи финалниот натпревар на „Ораторските средби“ кои општина Охрид ги реализира по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот” од Григор Прличев.
На настанот ќе присуствува и правнуката на Прличев, Олга Прличева.
По пат нa елиминација од 8 -те ученици , кои го прeставуваат своето училиште ќе се изберат тројца. Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, на најдобриот оратор ќе му врачи Ловоров венец.
Повеќе за настанот во изданиата на Дневникот на ТВМ ТелевизијА.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Познатата „Женска плажа“ во Струга магнет за концесионерите. За неа е постигната цена од 1.210 ден за м/2. Имено, денес во Министерството за транспорт и врски се изврши долгоочекуваното второ по ред јавно наддавање за 7-те атрактивни струшки плажи. После првиот неуспешен обид и постигнатата астрономската цена за Женска плажа од околу 1 милион евра за година дена, повторно оваа плажа се издвои од останатите. Комисијата за јавното наддавање беше составена од 7 членови и тоа, од Министерството за транспорт и врски, Mинистерството за економија, Oпштина Струга и Mинистерството...
Post Views: 9
Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата.
„Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...