Post Views: 0
Пред охридската литературна публика, оваа среда во изложбениот салон на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД, ќе бидат претставени избраните дела на Бранко Цветкоски.
Станува збор за “ИЗБРАНИ ДЕЛА” во 6 ТОМА од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што всушност претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе започне во 12 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Борбата со непријатниот мирис на пот трае уште од стариот Египет – Ублажувањето на мирисот под пазувите било потфат со кои се соочувале и старите Египќани, така што тие правеле миризлива вода конкретно наменета за ублажување на мирисот на пот. Првиот дезодоранс во продажба е пуштен во 1888 година и го носел името “Mum”, и се продавал како крема во тегличка и се нанесувал на прстите. Петнаесет години подоцна се појавил и првиот антиперспирант наречен “Everdry”.
Дезодорансот убива бактерии – Интересно е тоа дека потта е без мирис, а непријатен мирис се ствара поради бактериите...
Post Views: 7
Има или нема Студенчишко блато. Никако да се разреши оваа дилема. Ниту на седницата која се одржа во петокот на која една од точките на дневен ред беше урбанизацијата на Студенчишкото блато не се доби одговор на ова прашање. Опозиционерите кои побараа да се стави ваква точка на дневен ред очекуваа стручно лице од Хидробиолошкиот институт да ја разреши оваа дилема.
Ни треба екипа да појдеме сите заедно да видиме што е останато а што нема од некогашното блато. Да испитаме кој жив свет го има во моментов таму. Дали природните врски со езерото се скинати или сеуште постојат....
Post Views: 1
Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки.
Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне...
Post Views: 4
Фирмата од Копривница, „Подравка“ го повлекува од продажба производот „Ева скуша“, филети во билно масло од 115 грама, бидејќи лабараториските испитувања покажале дека содржи поголемо количество хистамин, кој може да биде опасен по човековото здравје и да предизвика алергиска реакција. Проблематична е серијата со број 31012011, со рок на употреба до 31.01.2015 година. Лабораториските анализи покажале дека една од деветте анализирани состојки во конзервата ја има во поголемо количество отколку што е предвидено со правилник. Човечкото тело не може да го разгради хистаминот,...
Post Views: 1
70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст.
„Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина...
Post Views: 37
ТВМ вчера, веднаш после состанокот на комисијата за јавно наддавање во која беа вклучени Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и општина Струга ги објави идните 7 концесионери на струшките плажи. Денес на оваа тема својот став го изнесе и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Имено, Мерко вели дека јавното наддавање поминало транспарентно што според него е во интерес на доброто за Струга. Тој рече дека очекува да се откаже само концесионерот на „Женска плажа“, Мерсим Селими, бидејќи за таа плажа била достигната најголема сума по...
Post Views: 1
На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза. ТВМ Телевизија веќе информираше за ова заболување, на штитната жлезда, од кое во 2014 година достигна број од 1537 заболени, а само пред 10 години во 2005 година таа бројка била 67 пациенти со дијагностицирана тиреотоксикоза. Најмногу заболени се жени на возраст од 45 до 54 годиша возраст. Д-р Атанаско Михаилов дир на Центар за јавно здравје информира дека ќе ги алармираат надлежните со податоците за ова заболување.
„Секако по било која индикација за зголемениот број ќе...
Post Views: 2
Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ се одржува во Охрид од 15-19ти јуни. Станува збор за јубилејно 20-то издание. Со оглед на фактот дека јубилејот се случува во време на пандемија претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев вели дека е пријатно изненаден што натпреварот предизвикал внимание да се пријават учесници од 15 земји.
„Имаме некаде околу 90 пријавени учесници, од кои селекцијата ја поминаа 74 учесници и кандидати од 15 држави. Бројка која за сега изненадува во услови на пандемија. Имаме кандидати од Германија, Русија, Полска, од бившите југословенски...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ проневера во службата“„фалсификување на службена исправа“„злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид.
Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице-јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во ЈП„Градски гробишта“Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на...
Post Views: 26
Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели...
Post Views: 5
Компанијата Symantec, која се занимава со безбедност, открила нов и многу напреден вирус наречен Regin кој го опишуваат на следниот начин: “Комплексноста на овој вирус чија структура прикажува степен на техничка компетенција која е ретко видена”.
Иако малку се знае за новиот вирус и се нагаѓа дека истиот е развиен од американската влада или Кина, за да ги следат компјутерите на корисниците кои имаат инсталиран Windows од Microsoft. Вирусот е во можност да украде шифри, да го слика екранот и да враќа избришани датотеки.
Од Symantec велат дека за развојот на овој вирус...