Post Views: 2
Во охридските угостителски и хотелски објекти нема доволно стручен кадар. Иако во градов постои средно стручно образование како и високо образование за жал се помалку стручен кадар кој доаѓа од овие образовни институции може да се сретне во угостителските па и хотелските објекти низ градов. Менаџерите на дел од кафулињата кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека едвај 30% од кадарот има стручна школа. Љупчо Патче познат охридски угостител вели дека овој проблем е присутен и во поголем дел од угостителските објекти во градов. Тој додаде дека девојките...
Post Views: 7
Се расчистува депонијата од градски гробишта Охрид. Првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, вели дека со тоа решаваат еден од најгорливите проблеми на ЈП. На делот од муслиманските гробишта цели три децении стоеше, земја, градежен отпад, зеленило и останат смет. Годинава како што нагласи Симоноски, оваа активност за прв пат била вметната во програмските активности на општина Охрид, но и во неговаа програма со која конкурирал за директорската позиција.
„Отпочнавме денеска и за многу брз и краток временски период ќе го реализраме. Се работи за некаде околу...
Post Views: 0
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...
Post Views: 1
Започнаа подготвителните работи за изградба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. Со тоа Охрид ќе добие современо сообраќајно кое ќе го намали сообраќајниот метежот во овој дел од градот и ќе придонесе за зголемување на безбедноста и на пешаците и на возачите, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
На овој начин сакаме да го решиме долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите. Како што знаете во минатото на ова место се случија голем број незгоди, меѓутоа во исто време...
Post Views: 14
Општина Дебрца која е интересна за туристите, општина Дебрца која се почесто е застапена во медиумите. Ова, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски е резултатот од досегашниот тек од неговиот мандат. Денес во неговиот отчет за сработеното во изминатите две години, Трајкоски рече дека општина Дебрца веќе е прерасната во општина која се движи по теркот на најразвиените општини во Македонија. Трајкоски се пофали со реализираните проекти, меѓу кои и изградба на монтажно училиште во Волино, изградба и реконструкција на игралишта за мали и големи спортови во повеќе...
Post Views: 2
Како една од предностите на својот смарт телефон, Lumia 730, од Microsoft ја издвоија одличната предна камера со резолуција од 5MP која е идеална за “селфи” фотографии и видео повици. За да покажат колку е совршена оваа камера за ваков вид на употреба Microsoft со својот телефон снимил фотографија во Бангладеш и ја нарекле “најголем селфи на светот”. Учество во оваа фотографија земале повеќе од илјада лица, а на Facebook страницата од Microsoft има повеќе од 47.000 допаѓања и сигурно е дека компанијата ќе ја искористи во идните маркетиншки активности. Microsoft оваа...
Post Views: 11
Охриѓани го добија првиот центар за палијативна нега. Овој оддел кој се наоѓа во склопот на геријатриското одделение при Општа болница Охрид ќе биде наменет за сместување и третирање на терминално болните лица, односно оние пациенти кои се борат со тешки и неизлечливи болисти. Министерот за здравство, Никола Тодоров рече дека овој проект го започнуваат поради евидентниот тренд на стареење на населението во земјава со што се повеќе ќе доаѓа до израз потребата од вакви центри.
„Почнуваме во помали простории, со шест кревети, со тенденција во иднина да размислуваме за...
Post Views: 15
Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд. Уште пред една година Општина Охрид заедно со Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун го изработија овој проект со кој аплициараа до ИПА фондовите од кои добија пари за истиот, но работите закочија кај документацијата. На почетокот на оваа година беше извршена ревизија на документите кои ги доставија Општина Охрид и ФТУ и од кога беа направени некои дополнувања и корекции се премина на наредната фаза, а тоа е потпишување на договорот. До крајот на месецов треба да заврши оваа процедура, а од почетокот на мај...
Post Views: 13
Македонските граѓани кои се во Турција и имаат потреба за каква било здравствена грижа, ќе може да побараат здравствена заштита во болниците кои имаат договор со министерството за здравство на Турција, информираа од македонското министерство за надворешни работи.
Посебниот договор кој го овозможува тоа стапи на сила деновиве.
Досега можност за лекување Македонците имаа само во турските приватни здравствени установи. Сите кои кои престојуваат во Турција и имаат потреба од здравствена услуга, а не го зборуваат турскиот јазик, може да се јават на кол-центарот со број 112,...
Post Views: 2
Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија, коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени...
Post Views: 1
Денес е светскиот ден на најпознатиот прехранбен производ, млекото. За млекото секогаш се знаело дека е здрав, интегрален и природен напиток. Пораснавме со верувањето дека секогаш треба да го има на секоја маса, бидејќи е многу богато со витамини и минерали. За охриѓани, сеуште неизбежен дел од трпезата.Млекото е речиси совршен прехранбен производ, препоплн со девет есенцијални прехранбени состојки кои му се потребни секојдневно на човековото тело. Мислењата дали млекото е здрав напиток или не е, се измешани веќе подолго време. Некои луѓе се колнат дека е битно да се...
Post Views: 1
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”...