Post Views: 2
600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура.
„Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме доволни...
Post Views: 2
Објава што се споделува на социјалната мрежа Фејсбук манипулативно тврди дека вакцините не спречуваат ширење на коронавирусот и не нудат заштита. За да се креира вакво тврдење, употребени се податоци од истражување направено за вакцините и делта сојот, кои притоа се извадени од контекст, испревртени и тенденциозно се користат само одредени делови без поширок и сеопфатен контекст.
Веќе е повеќе од јасно дека вакцините не спречуваат ширење на вирусотНудат некаква несигурна заштита од тешка форма на болеста, но само кај некои луѓе и само три месециИ сега, шо праиме?...
Post Views: 1
Одземањето на правниот статус на месните заедници премногу ја отежнува состојбата, вели претседателот на Месната заедница Куратица, Горан Ангелоски. Секнаа финансиите за урбаните и месните заедници со укинувањето на жири сметките. Нема заинтересирани донатори кои би издвоиле пари за поправки или изградба на објекти во селските или градските средини. Нема можност за аплицирање на проекти до предпристапните фондови. Со законските измени од пред 7-8 години кога се укина статусот на правни субјекти и останаа без посебни жиро сметки, тие се доведени во ситуација да чекаат...
Post Views: 1
Поради зголемениот интерес вечерва пред охридската публика повторно ќе биде изведена претставата „Крик за љубов“.
Претставата е работена по текст на Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Ќе се одигра во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а влезницата чини 200 денари.
Post Views: 1
Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали на градите.
„Во...
Post Views: 0
Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денар, додека дизелот поскапува за половина денар, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на евросупер-95 изнесува 70,5 денари, а на евросупер 72,5 денари. Дизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 58 денари за литар.Според одлуката на РКЕ и според цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а новата цена изнесува 46,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 денари за килограм и ќе изнесува 28,934 денари.
Post Views: 0
Експертите нѐ советуваат да заборавиме на пекарските производи од бело брашно и да преминеме на црн или р’жен леб. Но, што ако црниот леб не е навистина црн туку само обоен?
Токму тоа го прават некои пекари, известува српскиот Курир. “Лебот може да има темна боја добиена од супстанци кои не би смееле да се наоѓаат во лебот, кафето, какаото, црвеното вино и.т.н.”, рекол еден пекар за овој весник, а кој бил добро запознаен со методите на боење на лебот.
Исто така, не е секој р’жен леб навистина р’жен. Р’жен може да се нарече оној производ во кој има барем 30% р’жено брашно....
Post Views: 2
На 17 мај 2015 година на спортскиот аеродром во Прилеп, се одрза 63-то државно првенство во воздухопловно моделарство, каде што во силна конкуренција во Â категоријата Ф1Б – модели на гумен погон победник беше Аеро Клуб Охрид кои го повтори минатогодисниот успех, со освоени први три места.
 – прво место- златен медал го освои Масин Климент,Сребрен медал Александар Цветановски и бронзен медал му припадна на Митко Цветановски.
Во категорија Ф1Х најмладиот такмичар Александар Цветаноски се закити со уште еден медал и го освои третото место.Голема заслуга за...
Post Views: 1
1.475.000 денари издвоени годинава од буџетот на локалната самоуправа за поддршка на проекти од интерес за општина Охрид. Се финансираат проекти од облста на културата, спортот, животната средина односно екологијата, социјалата и проекти кои се однесуваат на најмладата популација.
Годинава локалната, меѓу другото ќе ја поддржи изградбата на подна површина на прифатилиштето за бездомни животни на здружението Анималиа, проектот за пренуркување на Охридското Езеро на нуркачкиот центар Амфора, Поетската ноќ во Велестово, Охрид низ виртуелни панорами, проектот на сојузот...
Post Views: 1
Намалувањето на тежината на производите, наместо зголемување на цените, стана практика на производителите чии производи ги преплавуваат продажните рафтови во супермаркетите. Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе… се само дел од производите каде што скриената инфлација го зема својот замав. Ако минатата година за една цена можевме да купиме чоколадо од 100 грама, денес за истата цена добиваме чоколадо од само 75 грама. И малите чоколади од популарните светски брендови не останаа поштедени од скриената инфлација, па за иста цена од 25 денари, наместо 55-60...
Post Views: 7
Фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, скокови во далечина, стрелање, пикадо и шах. Ова се само дел од спортските дисциплини во кои од година во година охридските пензионери покажуваат одлични резултати. Некои од нив и во поодминати години до ден денес спортуваат и се активни и им пркосат на своите години. Дел од пензионерите велат дека учеството на едни вакви натревари е една дружба која прави да се чувствуваат исполнето.
„Овие спортски игри, за нас пензионерите многу значат. Еден вид на дружење, разговор, се наоѓаме самите себе со своите пријатели, и се наоѓаме во...
Post Views: 1
Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била...