• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Доминација на охридскиот аероклуб на државното првенство во воздухопловно моделарство

Доминација на охридскиот аероклуб на државното првенство во воздухопловно моделарство

Охридските моделари од спортскиот аеродром во Прилеп се вратија уморни, но со четири медали.

 |  Мишел Наумоски  | 
modelari

Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали на градите.

piedestal aero klub Ohrid„Во овие класи кога моделот ќе се откачи од стартното јаже кај едрилиците или гумата кога ќе се откачи во ф 1 б класата, ако е ветарот над 2, 3 до 9 секунди брзина, моделот знае да избега многу далеку и тогаш е многу напорно, седум стартови и може да има трчање на еден старт од по 4-5 километри па назад и седум старта така, и е доста напорно.“-вели Митко Цветаноски од Аероклуб Охрид.

Аероклубот од Охрид официјално не постои години наназад. Немаат финансиски средства, моделите си ги прават сами бидејќи се исклучително скапи, а со постигнатите резултати нивна спортска обврска е да летаат и на светски и европски првенства и да покажат што знаат и умеат.

modelari„Ќе продолжиме и на меѓународните натпреварувања. Наредниот месец имаме Мостар куп, потоа Пазарџик Бугарија, па Истанбул куп, и лани бевме на овие натпреварувања и бевме во првата третина на натпреварувачката ранг листа што е задоволителен резултат за луѓе што се без клуб, без финансиска поддршка, тоа е многу задоволителен резултат така да ќе видиме во наредниот период како ќе се одвиваат работите, дали ќе најдеме некои спонзори, ајде моделите сами ги правиме и нешто купуваме ама за одењето на натпреварите ако се најдат некои спонзори ние ќе учествуваме и ќе ги промовираме Македонија и Охрид.“-рече Цветаноски.

На ова 63то државно првенство покрај аероклубот од Охрид, учество зеле и двата прилепски, двата клуба од Кавадарци, како и клубови од Скопје, Штип и Битола. Наредните две години, нашиот аероклуб, доколку се изборат за некаква финансиска поддршка ги чека вистинска битка прво со најдобрите светски моделари на светското првенство во 2016, а потоа и со најдобрите европски моделари во 2017та година и двете на спортскиот аеродром во Прилеп. Во фаза се и на конечна регистрација на клубот кој официјално не постои години наназад.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top