kabast

Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад во нас.„Гоце Делчев“ – Бараки

Post Views: 11 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).  Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.  

Continue reading

Градоначалникот Пецаков со поддршка за лицата со ретки болести

Post Views: 10 По повод месецот на ретки болести, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со Гордана Лолеска, претседателка на  здружението ,,Ретко е да си редок“. На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид ја дава за лицата со ретки болести. Годинава за прв пат во општинската програма за социјална и здравствена заштита се воведени стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети. Градоначалникот Пецаков потенцираше дека децата и младите од оваа категорија...

Continue reading

ssm

Живко Митрески реизбран за претседател на ССМ

Post Views: 11 Живко Митрески е реизбран на функцијата претседател на Сојузот на Синдикати од  сите  98 делегати , претставници од 17 гранкови синдикати на денешниот конгрес одржан во Охрид. Овој избор  покажа дека сојузот на синдикатите е движечка синдикална сила коjа покажа што сака и како с е брaнат работничките права, рече при тоа Митрески.Во презентирањето на новата програма пред делегатите на 19 -тиот Конгрес, Митревски истакна  дека новото раководство како претставничко тело на работниците во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната...

Continue reading

Туристичките агенции во неизвесност од задоцнетот вклучување во платформата Дома си е дома

Post Views: 1 Туристичките агенции можат до 8 август да се регистрираат на платформата за летување Дома си е дома. Работнците од овој туристички сектор први ја почувствуваа економската криза од пандемијата, а и најтешко се опоравуваат од нејзините последици. Агенциите до сега не беа вклучени во економскиот пакет мерки кој државата го обезбеди како помош за граѓаните и домашниот туризам за да се ублажат негативните економскиот последици од пандемијата, вели Јаким Маленко од ТА Виспој.  „Ова можеше да се реши од самиот почеток доколку се заземеше стратегија и се направеше правилник...

Continue reading

ghana culture day

Звуци на национални инструменти, традиционални танци, јадења на „Ден на култури 2015“

Post Views: 5 Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив. „Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е навистина...

Continue reading

sv spas

Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј

Post Views: 1 Христијанските верници денес  го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети  и новоизградените конаци.  Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и смирение....

Continue reading

Згаснат Pirate Bay, најпопуларниот torrent сервис

Post Views: 2 Pirate Bay, популарниот сервис за споделување на torrent датотеки е згаснат за време на рацијата на шведската полиција која ги заплени серверите и комјутерите, јавува Wired. Полицијата во Стокхолм наводно упаднала во собата со сервери на популарниот сервис и така уште еднаш ја згасна популарната страница на која милиони посетители секојдневно превземаа нови филмски, телевизиски и музички содржини. Покрај самата страница згаснати се и Suprbay.com, Bayimg.com и Postebay.net Спрема пишувањата на Torrent Freak, Pirate Bay не бил единствената цел па така од вчера поради повреда...

Continue reading

logo

Вдиши театар

Post Views: 0 Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери...

Continue reading

komunalec

Комуналец ги уредува зелените површини во приградските населби и градот

Post Views: 0 Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица. Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти. Пред престојниот верски...

Continue reading

zelen karton

Пониска цена на зелените картони

Post Views: 4 Од утре почнува примената на новите пониски цени на зелените картони, кои ќе имаат важност една година, наместо досегашните еден, три и шест месеци. Зелениот картон за патничките возила до 66 киловати ќе чини 60 евра, за оние над 66 киловати 90 евра, а за товарните возила цената е 280 евра. Досега цената на зелениот картон за автомобилите се движеше од 40 евра за еден месец до 150 евра за една година, а за товарните возила чинеше 280 евра. Вадењето зелен картон нема да биде задолжително, односно може секој да избере дали ќе го извади зелениот картон при регистрација...

Continue reading

freska

Христово вознесение- Спасовден

Post Views: 10 Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”. Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос. Истражувачите...

Continue reading

dzamija

Честит Рамазан Бајрам

Post Views: 6 Денес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.Денес, припадниците на муслиманската вероисповест го слават Рамазан Бајрам. Ова е празник кога богатите муслимани помагаат на сиромашните, кога во кругот на семејството меѓусебно си посветуваат внимание и благодет, во заеднички молитви, си ги простуваат грешките и се радуваат на убавината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top