• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Туристичките агенции во неизвесност од задоцнетот вклучување во платформата Дома си е дома

Туристичките агенции во неизвесност од задоцнетот вклучување во платформата Дома си е дома

Туристичките агенции  добија можност да се регистрираат на платформата за користење на ваучерите за летување. Оваа одлука следува по протестите на дел од туристичките работници кои не беа опфатени со пакетот мерки за помош на државата од последиците на корона кризата во туристичкиот сектор.

 |  Валентина Неловска  | 

Туристичките агенции можат до 8 август да се регистрираат на платформата за летување Дома си е дома. Работнците од овој туристички сектор први ја почувствуваа економската криза од пандемијата, а и најтешко се опоравуваат од нејзините последици. Агенциите до сега не беа вклучени во економскиот пакет мерки кој државата го обезбеди како помош за граѓаните и домашниот туризам за да се ублажат негативните економскиот последици од пандемијата, вели Јаким Маленко од ТА Виспој.

 „Ова можеше да се реши од самиот почеток доколку се заземеше стратегија и се направеше правилник ваучерите исклучиво да се користат преку лиценцирани туристички агенции и туристички оператори. Со самиот почеток ќе бевме влучени во системот и полесно ќе ја пребродевме кризата. Со погрешната одлука ваучерот кај сместувачките капацитети бевме исклучени од системот и сме доведени на раб на егзистенција“.

Испуштена е една можност со која сите ќе беа задоволни. Туристичките агенции и туроператори со напори и преговори преку Стопанската комора и протестите издејствуваа да бидат вклучени, но постои голема неизвесност дали ќе има ефекти од задоцнетата мерка. Како ќе се справат во тешката економска криза останува на совеста и солидарноста на клиентите како ќе ги користат ваучерите за летување, вели Маленко.

„Ќе треба да почне од 10 август натака и останува да ги видиме резултатите дали луѓето ќе одлучат да ги корист ваучерите преку ТА или директно ќе ги користат во сместувачките капцитети“.

Туристичките агенци и тур операторите се најпогодени во туристичкиот сектор од пандемијата , а од државниот сет економски мерки добија само помош при исплата на минималната плата за вработените. Засега не знаат дали ќе добијат исплата на минималецот за месец јули.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top