Post Views: 2
Кинеската компанија Huawei го претстави Honor 6 Plus, смартфон кој на задната страна има две камери од 8 мегапиксели.
Honor 6 Plus има две камери на задната страна кои снимаат фотографии со големина на пиксел од 1.98 микрометри и со тоа стана ривал на HTC One8 и неговата Duo Camera технологија.
Моделот Honor 6 Plus има 5,5 инчен екран со резолуција од 1080p, а го има Kirin 925 процесорот кој е осумјадрен со копроцесор и 3GB RAM. Интерната меморија изнесува 32 GB, а има и micro SD слот. Уредот го напојува батерија од 3.600mAh, а поддржува и Cat6 LTE мрежа.
Откако ќе се...
Post Views: 1
Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен нормално...
Post Views: 5
Столбови од уличното осветлување на ул.АСНОМ, Карпош Војвода и др.места во градов неколку дена стојат со отворени капаци во делот каде што се спојуваат каблите од напојувањето. Опасноста е очигледна. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој вели дека ваквата состојба не е нешто ново. За тоа имале и дојава од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и нивните служби кои се грижат за јавното осветлување ја увиделе состојбата на терен.
„Во изминатиов период сведоци сме на немили настани на уништување на определен број на реквизитите кои служат за јавното осветлување....
Post Views: 4
Неформалниот Сојуз на Југословените во Македонија, по повод предстојниот попис на населението што ќе се реализира од 1 до 15 октомври 2011. ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се чувствуваат како Југословени, без разлика на пол, вера, возраст, политичко или било какво определување, на пописот слободно да се изјаснат како такви.
– Во текот на предходната недела беше остварен контакт со државниот завод за статистика и добивме потврда дека доколку некој граѓанин во врска со националната, односно етничката припадност се изјасни како Југословен или...
Post Views: 1
Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени симптоми...
Post Views: 0
Нема простор за организираниот криминал. Со овие зборови, Министерот за правда Михајло Маневски ја објасна потребата од регионалната соработка помеѓу институциите, како клучна активност во борбата против организираниот криминал, поточно против злосторничкото здружување. Манвски додаде дека меѓународниот организиран криминал и корупцијата претставуваат една од најголемите закани кои се проширија во сите делови на светот во изминативе неколку децении. Поради ова, потребна е координирана реакција, во согласност со претходно дефинираната глобална стратегија
Министерот Манески...
Post Views: 0
Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.
„Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор, Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски.
Инаку...
Post Views: 4
Организацијатаза храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави дека светските цени на храната продолжија да растат во октомври трет месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2011 година.
Според извештајот објавен на веб-страната на агенцијата на ОН, индексот на цените на храната, кој ги следи месечните промени во меѓународните цитати на главните прехранбени производи, во октомври во просек изнесуваше 133,2 поени, што е за три отсто повеќе од септември.
Цените на житариците се зголемија за 3,2 отсто во минатиот месец во однос на септември, при...
Post Views: 3
Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и водата...
Post Views: 0
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката...
Post Views: 3
Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Жителите на Стар град често пати не можат да си дојдат дома, бидејќи улицата е блокирана од паркираните автомобили. Иако од Секторот за комунален развој при Локалната самоуправа уште минатото лето беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката, непосредно до ресторанот Чун, несовесните возачи упорно ги игнорираат и не ги почитуваат. Во вакви случаи кога се прекршуваат сообраќајните знаци, обврската за постапување е во рацете...
Post Views: 2
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри.
Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот...