Post Views: 0
Ова беше прв меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар во живо на овие простори после речиси две години. Учествуваа околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, БиХ,Украина и Молдавија) при што беа донесени најдобрите поединци, за да ја проверат нивната форма , со надеж да се учествува на Европското првенство доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит.
– Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн натпревари....
Post Views: 3
Татко и две девојчина, од кои едно бебе, а другото на две години, како и возач на товарно моторно возило ги загубија животите во тешка сообраќајната незгода кај селото Колари. Трагичната несреќа се случила синоќа околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар при директен судар на патничко возило марка Волво и товарно моторно возило Форд. Автомобилот Волво во кое се наоѓале членови на семејство од селото Зајас, се движело од Гостивар кон Кичево, а пикапот марка Форд се движел во спротивна насока. Причините за сударот сеуште се утврдуваат, информира Стефан Димоски...
Post Views: 5
Една од најважните алатки за изградба на институциите и граѓанското општество се медиумите. Регинот на Западен Балкан се соочува со проблеми со слободат ан амедиумите и нивниот квалитет. Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот. Регионот има проблем со слободата на медиумите. Без поинакви медиуми тешко дека ќе се достигне минимумот за изградба на јаки и одговорни институции, подвелекува Соња Лихт претседателката на Белградскиот фонд за политички развој. Таа е учесник на семинарот за регионалните академии за демократија од Западен Балкан. ...
Post Views: 9
Возачите во американската сојузна држава Ајова ќе можат од следната година да користат апликација на својот мобилен телефон како официјална возачка дозвола. Овој виртуелен документ ќе биде официјално средство за идентификација секогаш кога полицијата ќе ги запре возачите.
Апликацијата ќе биде бесплатна и ќе може да се превземе на сите паметни мобилни телефони, а пристапот ќе биде овозможен само со поседување на соодветна шифра.
На оваа апликација ќе бидат прикажани истите информации кои можат да се видат и на “физичката дозвола”, а надлежните ветуваат дека целиот систем...
Post Views: 6
Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.
Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да...
Post Views: 1
Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.
Градскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот.
За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен...
Post Views: 5
Министрите за внатрешни работи на Репурблика Македонија Гордана Јанкуловска и Република Косово Бајрам Реџепи, потпишаа значаен договор за соработката помеѓу полицијата на РМ и Р Косово. Станува збор за формирање заеднички контакт центри за размена на информации кои освен што значат поедноставно и поефикасно полициско работење, во смисла на надзор на заедничката државна граница, ќе значат и долонителен, квалитет во работата на македонската и косовската полиција во смисла на надминување на бариерите односно рационализација на ресурсите и нивно правилно користење.
„Со...
Post Views: 9
Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи.
По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат...
Post Views: 4
Во Струга состојбата хаотична и во сферата на туризмот. Дел по дел се обелоденуваат информации кои најмалку говорат дека се брани интересот на граѓаните во Струга. Нов шок за стушката јавност е паушалот од 3000 денари кој индивидуалните станоиздаватели треба еднократно да го уплатат на сметката на комунално. Градоначалникот Рамиз Мерко не признава дека има хаос во оваа сфера, напротив тој тврди дека струшкиот сектор за туризам добро функционира, иако сеуште не знае колку пари од туристичка такса се наплатени годинава.Од огранокот на ДПА сметаат дека оваа одлука на струшкиот...
Post Views: 0
Се поголем е револтот кај граѓаните на ул „Сирма Војвода“ и дел од ул „Момчило Јорданоски“. Велат дека преминат е прагот на нивното трпение. Бараат од надлежните, да престанат да двааат празни ветувања и рокови за асфалтирање, да излезат од нивните канцеларии на терен и да донесат машинерија која ќе асфалтира. Пристапните патишта до нивните куќи и станови, како што велат, на само 15 минути од центарот на туристичкиот бисер, скоро 3 децении чекаат асфалт. Денеска група жители излегоа пред камерата на ТВМ со цел да ги потсетат надлежните, на нивната, како што кажаа, „дива“...
Post Views: 1
Јавното обвинителство објави што го предизвикало пожарот во тетовската болница во кој жиуви изгореа 14 лица. Според извештајот на крим техничарите на МВР, пожарот бил предизвикан од запален продлжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор.
Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен...
Post Views: 15
Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место.
„Како училиште, општинскиот...