ezerata na satelitot Titan

Охридско Eзеро на сателитот Титан!

Post Views: 3 Едно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Eзеро, соопшти денеска Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина. Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедурата за нивно именување. Планетарумот...

Continue reading

Во нови простории продолжува успешната приказна на Охридска Банка

Post Views: 1 Празнична вечер на Охридска Банка. Еден од симболите на современиот Охрид е зградата на централата на Охридска Банка. Денес, таа е реновирана, обновена, енергетски ефикасна и  доследна на својата цел. Ова беше истакнато на вчерашното свечено отварање и сечење на цервената лента во новите простории. „Со тоа што инвестираме во Охрид одаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во место каде што се корените на Охридска Банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот. Со речиси 20 000...

Continue reading

СЕ ОДРЖА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 0 Советниците ја разгледаа и ја усвоија информацијата за оценката на перфомансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а во продолжение следеа одлуки за статурна измена на Статутот на ООУ “Св.Климент Охридски“, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид. Советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и турски сообраќајни регистерски таблички да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг.

Continue reading

svr

Гостиварчанец „оперирал“ по охридските станови и куќи

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени 18 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишно лице од Гостивар. Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на овој месец во повеќе куќи, станови и деловни објекти во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 299.000 денари. – Лицето користејќи подесен алат и физичка сила, насилно влегувал во куќите и деловните објекти. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, парфеми и други предмети, информира...

Continue reading

sonce

Охрид во портокалова фаза

Post Views: 5 Според синоптичарите вчерашниот ден беше најтоплиот оваа година со температури на места и над 42 степени Целзиусови. И денес не очекува сончево и многу топло време, попладне со умерена облачност, во вечерните часови со локален дожд, грмежи и засилен ветер во југоисточните краишта. Максималната дневна температура ќе се движи впо интервал од 32 степени на повисоките места до 42 степени на југ од земјата. Охридскиот регион денес  е веќе во таканаречена портокалова, алертна фаза. Ќе преовладува суво, сончево и многу топло време. Максималната дневна температура ќе достигне...

Continue reading

Ќе се легализираат куќите во заштитениот крајбрежен појас

Post Views: 1 Ќе се легализираат дивоградбите во заштитен крајбрежен појас од 50 метри на природните езера во државава. Денеска во Собранието на Р Македонија поднесен е Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.Сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, како и населените места покрај Преспанското и Дојранското езеро ќе можат да поднесат барање за легализација .Ретроактивно, измените на законот ќе овозможат...

Continue reading

Сообраќаен колапс во Франција и Велика Британија

Post Views: 10 Ниски температури и обилни снежни врнежи предизвикуваат бројни проблеми во сообраќајот во големи делови на Велика Британија и Франција, известуваат медиумите. BBC го пренесува предупредувањето на метеоролошката служба за голомразица, имајќи во предвид дека ширум Британија температурата е под нулата. Мразот зафатил големи делови од таа земја, а поради обилните врнежи од снег и меќава за сообраќај се затворени бројни патишта и некои аеродроми, а илјадници луѓе морале да го прекинат патувањето, наведува британски Telegraph. Снегот и мразот ја погодија северот и централна...

Continue reading

Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам

Post Views: 0 Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам. Десетте пештери кои се откриени и тоа претежно од странски посетители, љубители на спелеологијата, се многу интересни бидејќи се недоволно истражувани. Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица.  Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица. Галичица има...

Continue reading

pravda

Урбанистичките проблеми најмногу им задаваат главоболки на охриѓани

Post Views: 1 Охриѓани како последна шанса за изгубената правда со институциите бараат правна помош од Народниот правобранител. Еден од граѓаните кои денес оставрија средба со  заменик народниот правобранител во Охрид беше и  Новица Митрески. Митрески од заменик на Народниот правобранител на РМ бараше правна помош за изгубен судски спор за сопственост врз нива во елитната населба Лагадин. „ Ми ја одземаа приватници. Нивата постои на дедо ми , а ми ја одземаа. Јавив во инспекција му дадоа забрана, но направи викендичка. Сега ми велат не можиме ништо“,се жали Митрески. Даут Селими,...

Continue reading

piggy bank

Македонците и со дупнати џебови, штедат

Post Views: 10 Расте штедењето- граѓаните и фирмите и во криза штедат, најмногу во денари. Банките евидентирале пораст на штедењето за 7,5% или за 178 милиони евра.,,Луѓето штедат, затоа што имаат верба во банкарскиот сектор и покрај финансиските случувања надвор, во Македонија расте штедењето, но не како минатата година,, вели претседателот на здружението за банкарство, Ѓорги Јанчевски.Вкупните штедни влогови изнесуваат 3,6 милијарди евра. Се штеди бидејќи денарот е стабилен, а банките се сигурни- уверува гувернерот Богов.,, Се зголемува довербата особено во денарско штедење, тоа...

Continue reading

Пронајдена жива и здрава исчезнатата жена во Охридското Езеро

Post Views: 1   Полициските екипи кај хотел „Парк“, жива и здрава ја пронајдоа жената, која од најблиските беше пријавена дека синоќа околу 1 часот  по полноќ исчезнала и најверојатно се удавила во водите на Охридското Езеро.. Потрагата по жената, започнала утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово, при што биле пребарани над 20.000 метри квадратни површина во езерските води од трската до старото пристаниште. Жената,...

Continue reading

ucilishte

Безбедносна ограда

Post Views: 3 Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца бидејќи дворното место беше претворено во паркинг простор, за кој, приватно лице наплатуваше надомест. Директорот на ова училиште Агни Неџипи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top