teen girl

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да возат до 20 часот

Post Views: 2 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени  од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени  на последната седница на Владата.“Стекнување на возачка дозвола на 16 години, регулирање на сообраќајот на кружните текови и заострување на казнената политика за паркирање на места предвидени за лицата со посебни потреби  се најновите измени во законот за безбедноста во сообрајот“, изјави Јанкуловска. Според Јанкулоска, овие измени се донесени се со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот...

Continue reading

Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа

Post Views: 1 Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа, охридско. Со тоа се решава деценискиот проблем на месното население од ова село околу недостатокот на вода. Како што обелодена градоначалникот на Дебрца, Игор Трајковски ова село ќе добие не само резервоар туку ќе биде заменета и старата водоводна мрежа со нова. „Жителите на село Требеништа ќе добијат квалитетна вода за пиење во наредниов период. Резервоарот е со капацитет од 150 кубици што значи дека ќе има доволно резерва на вода и по природен пат ќе се снабдува самото село со вода. Досега имавме состојба...

Continue reading

gavel

Денеска  се одбележува eвропскиот Ден на граѓанската правда

Post Views: 1 Денеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права.  Од годинава, овој ден започна да се одбележува и во Македонија. Во основните судови во Охрид и Струга значителен број граѓани побараа правни совети, околу предмети кои подолг период им претставувале проблем, а немале можност да ги решат. Покрај граѓаните, со работата на основниот суд Струга се запознаа и студентите кои...

Continue reading

bucava

„Бука“ во три угостителски објекти во Охрид, поголема од дозволената

Post Views: 3 Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди.Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Пронајден хероин кај лице од Велешта

Post Views: 2 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ф.Ш. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На први мај 2021 година, на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, при преглед на патнички автомобил, во кој пријавениот се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа хероин – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

гимназија

Свечено доделување на дипломите на охридските гимназијалци

Post Views: 1 Во чест на генерацијата матуранти 2014/15  Ве покануваме  да Денес во училишниот двор при ОСУ  „Св. Климент Охридски“ Охрид  ќе се одржи свеченото доделување на дипломите на матурантите од охридската гимназија. На церемонијата свое обраќање ќе има Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески како и директорот на гимназијата. Интересен дел од програмата ќе биде и видео презентацијата на класовите.  

Continue reading

Огласите за вработувања во Општина Охрид се дел од годишниот план за вработување

Post Views: 28 Поради ненамерен технички проблем 60-та седница на Општина Охрид се одржа без да бидат известени медиумите и граѓаните, велат од Локалната самоуправа. Од вчерашните точки предвидени на дневниот ред, дискусија предизвика гласањето на измената на годишниот план за нови вработувања во општината. Координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска вели дека не го поддржуваат целосниот годишен предвиден план за нови вработувања и од кога е донесен апелираат да се намалат вработувањата во Општината, на кој апел од локалната не се одважиле. Што се однесува...

Continue reading

droga

30 дена притвор за прилепчанец и скопјанец

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “,опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица- туристи а посебно на лица посетители...

Continue reading

Туристи има ама промет во охридската чаршија нема

Post Views: 8 Охридската чаршија викендов што помина беше преполна со туристи. Како што се вели да нема игла каде да се фрли, но тоа не ги наполни касите на дуќанџиите.  Посетивме повеќе дуќани, занаетчиски работилници, сувенирници и продавници за накит. И секаде ја слушнавме речиси истата приказна. Велат туристите повеќе шетале и разгледувале одошто купувале. Во градов посебно во викендите најмногу се застапени туристите од помладата генерација, а тие немаат намера да купуваат по дуќаните туку пред се се дојдени за забава по плажите, кафулињата и ноќните клубови, велат сопствениците...

Continue reading

Пијалок против мамурлак и помошници кои ја намалуваат мачнината

Post Views: 4   Утрото после новогодишната прослава е синоним за мамурлак, кој на сите начини се обидуваме да го решиме. Најефикасни во тоа се малите пријатели од кујната во комбинација со вода. -Незаменлива и најздрава при борбата со дехидрираното тело, а со тоа и со мамурлакот, е водата. Сувото чувство во телото ќе се намали доколку пиете вода за време на прославувањето, а посебно следниот ден и тоа по ½ литар на секој час. -Утрото започнете го со лековит микс на вода и лимон, во ½ литар млака вода додајте свежо исцеден лимон, промешајте го и испијте го.  -За окрепувачки пијалок...

Continue reading

nevreme

Владата додели по 30.000 денари помош за настраданите од невремето во Тетово

Post Views: 1 Утре и задутре,  ќе бидат прогласени  денови на жалост по синоќешното невреме кое одзеде четири човечки животи, а според првичните проценки во тетовско штета претрпеле и околу 200 објекти. Според, изјавата на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вчерашното невреме е една од најголемите несреќи во градот под Шара во последните 30 години.  Владата на денешната вонредна седница посветена за состојбите во Тетовско донесе одлука државата на настраданите семејства да им исплати еднократна парична помош од по 30.000 денари.  Специјална Комисија ќе ја проценува состојбата...

Continue reading

avtobusi

Охридските автопревозници ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз

Post Views: 3 Автопревозниците од Охрид ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз од населените места до Охрид, и обратно од Охрид кон приградските и селските населби. На јавното наддавање кое за прв пат беше спроведено по електронски пат во општина Охрид, се наддавало за вкупно 11 автобуски линии на територијата на целата општина. Во наредните пет години, општинскиот линиски превоз ќе го спроведуваат четири компании за превоз на патници. „Конечно денеска заврши јавното наддавање за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, односно дозволи за компании кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top