migranti

Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична

Post Views: 2 Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е симболична...

Continue reading

koli

Низ улиците на Охрид до Пештани продефилираа триесеттина ретки возила

Post Views: 11 Опел Олимпија од 1952 година со охридски регистарски таблички беше најстарото возило на Ревијaлната изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ Охрид 2015. Дождот кој денес напладне паѓаше во Охрид не ги попречи триесетината сопственци на ретки стари автомобили да се провозат од Охрид до Пештани. Љубителите на раритетните автомобили кои многу внимателно се грижат за своите миленици на четири тркала гордо ги изложија возилата на градскиот кеј. Александар Димушевски организаторот на ревијата на олдтајмери Охрид 2015 цврсто верува дека ова ќе стане традиција во Охрид. „...

Continue reading

Дали оваа карикатура била прекинувач за крвавиот напад?

Post Views: 12 Последната карикатура на Stephan Charbonniera, позната како Charb, прикажува Талибанец над кој пишува: “Сеуште нема атентат во Франција”. А Талибанецот одговара: “Причекајте, имаме време до крајот на јануари да ви ги пренесеме неговите поздрави”. Stephan Charbonniera е еден од убиените карикатуристи на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo. Нападот на редакцијата однесе 12 животи, а напаѓачите се во бегство. {loadposition content9}

Continue reading

ohrid

Гастрономска понуда на сирење и вино од регионот за посетителите во Охрид

Post Views: 2 Кравјо, козјо и овчо сирење, урда, изварок, но и црно и бело автохтоно вино како и други производи од охридско можат да се вкусат  на дводневниот фестивал  „Вино и сирење“ што се одржува во Охрид.  Од синоќа, вкусното сирење залеано со прекрасно домашно вино ги разбуди гастрономските сетила на посетителите на фестивалот. Покрај  вино и сирење, можеа да се вкусат и мед, зеленчук и овошје, но и карактеристичниот специјалитет за ова поднебје- ѓомлезето. Од фестивалот „Вино и сирење“ задоволни се и продавачите и посетителите. Охриѓани и гостите кои престојуваат на охридското...

Continue reading

Секое дете заслужува љубов и топол дом

Post Views: 2 Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и преплашени...

Continue reading

Goce Arnaudov

Македонија се збогува од Гоце Арнаудов

Post Views: 21 Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни. „Загубивме голем човек, прекрасен колега. Нема никогаш да го заборавиме“. „Арнаудов, пријателе, вечна ти слава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. Во Домот на културата во Струмица, денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, а посмртните останки ќе бидат изложени утре во 11 часот во капелата на градските гробишта...

Continue reading

izvidnicki

Изградба на патека на приодoт кон Извидничкиот центар, бараат камперите

Post Views: 3 Скопјанката Јаворка Стевановиќ Димоска е гостинка која со години доаѓа во кампот Извиднички на Охридското езеро. Раскажува дека два  месеци во годината со семејството поминуваат на крајбрежјето. Вели задоволни се од близината на кампот до градот и од  убавината на езерото.  Главна забелешка и она што им пречи на камперите од Извиднички  е приодот кон кампот. Taa напоменува дека во најскоро време приодот треба да се направи. „Би било убаво да се направи една патека капините да се расчистат.Тие се чистат секоја пролет,но капината се шири. Во август не може да се помине....

Continue reading

gradinka

Најмладите од струшките градинки станаа подмладок на Црвен крст

Post Views: 5 Струшкиот црвен крст ширум ги отвора вратите за сите хумани луѓе. Дел од големото семејство е и Даниела Белеска, идна медицинска сестра, средношколка во прва година, која е  волонтер на струшката организација на Црвениот крст. Таа веќе  три години е во оваа невладина организација. За прв пат се вклучила како седмооделенка во 2007 година и била дел од големата кампања за помош на децата без родители. Сега своето искуство и знаење  им го пренесува на помладите од неа. Дечињата кои ја посетуваат  детската градинка Пеперутка во Струга, Стефан, Матеја, Зоја, на возраст од...

Continue reading

stanoizdavaci

Решението за станоиздавачите во станбени згради ќе се бара во Собрание

Post Views: 3 Локалната и Секторот за туризам и локален економски развој, решение за проблемот со приватните станоиздавачи во колективни станбени згради ќе бараат во Собранието на Република Македонија. Од ТЛЕР велат дека почетокот на летните одмори ја ограничил нивната можност за институционално дејствување со цел да им се излезе во пресрет на станоиздавачите кои издаваат легла во станбени згради. „Во соработка со пратениците од Охрид, ние подготвуваме амандмански измени за тие точки од Законот за угостителска дејност кои ќе пробаме на исти начин да ги издејствуваме како што беше...

Continue reading

Немилосрден раст на глад во светот

Post Views: 0 Светската програма за храна предупредува дека бројот на луѓето кои се на работ на гладување во 43 земји во светот достигнал 45 милиони, бидејќи несигурноста на храната остро се зголемила во светот. Скокот со 42 милиони на почетокот од годинава на 45 милиони луѓе на коишто денес им се заканува глад е последица на состојбата во Авганистан каде има дополнителни три милиони соочени со гладта, се наведува во извештајот на споменатата агенција на Обединетите нации со седиште во италијанската престолнина Рим. Десетици милиони луѓе се на работ на пропаста. Судирите, промените...

Continue reading

vino sirenje

Највкусното вино и сирење ќе ги разбуди гурманските сетила на охриѓани и туристите

Post Views: 0 Плоштадот „Крушевска Република“ денес и утре ќе биде гурманска мамка за сите охриѓани и туристи. Втора година со ред токму на овој простор фестивалот на вино и сирење ќе понуди вистинско уживање за сите посетители кои ќе можат да дегустираат некои од највкусните сирења од југозападна Македонија, како и најубавите вина од земјава. На 20 штандови, 27 излагачи ќе понудат не само вино и сирење, туку и бројни охридски традиционални специјалитети со цел промоција на градот и неговата туристичка понуда. „Приоритет ќе биде даден на промоцијата на сирењето како специјалитет кој...

Continue reading

Боби

Поп пејачот Боби Мојсовски ќе одржи концерт во Охрид

Post Views: 13 Боби Мојсоски, утрвечер  ќе одржи солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид. Концертот ќе има хуманитарен карактер. Средтсвата од неговото прво  солистичко  претставување  ќе бидат наменети и  донирани за лекување на охриѓанецот Марјан Вељаноски.  Младиот поп пејач Мојсоски  која ја доби поддршката од публикатат и го освои второто место на Регионалното музичко шоу „Х-фактор–Адриа“, за оваа негова  одлука  концертот да добие хумана димензија вели дека дошла случајно. „ Така испадна размислувајќи си реков зошто да не направам хуманитарен концерт за да не му помогнам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top