Post Views: 4
Од одделението за јавни набавки при локалната самоуправа побаравме одговор зошто пропаѓаат тендерите за значајни проекти кои ги распишуваат, а се од голема важност за граѓаните. Пет пати се распишуваше тендер за изградба на градски автобуски постојки, неколку пати мината година се распишуваше тендер за асфалтирање на ударните дупки низ улиците, два пати се повторуваше тендерот за изработка на сообраќајната студија. Тендерите не пропаѓаат туку се поништуваат, укажуваат на разликата од одделнието за Комунален развој. Напоменуваат дека тендерските постапки се поништуваат...
Post Views: 10
Изведби на духовна музика, музика од старите мајстори од ренесансата, поп и фолк аранжмани. Ова се само дел од пријатните звуци кои охриѓани и туристите ќе имаат можност да ги чујат наредниве денови на осмото по ред издание на Охридскиот хорски фестивал. Подготовките се при крај, а веќе во четврток ќе следи и традиционалното дефиле на учесниците низ охридските улици. Концертната програмата ќе се случува за време на викендот.
„Главната програма на фестивалот е во петок, сабота и недела, и во најголем дел се одвива во „Дијамантската сала“ во Инекс Горица, имаме еден концерт...
Post Views: 0
За време на конференцијата воочи Consumer Electronic Show 2015 во Лас Вегас Sony го претстави новиот 4К ТВ серија Х900С.
Со ширина помала од половина центиметар, Х900С е најтенкиот LCD телевизор кој некогаш е направен, и како што наведува Sony потенок е од мобилните уреди Xperia.
Sony исто така наведува дека Х900С серијата ќе биде покрената преку Android TV оперативен систем и ќе содржи PlayStation Now услуга за стримање на видео игри.
Не само што ќе може да се пристапи на Google Play Store, туку ќе може да се користат и гласовни наредби. Претставникот на Sony Mike Fasulo...
Post Views: 4
Како што ТВМ информираше веслачкиот клуб Југ може да ги загуби просториите и спортската опрема по загубен судкси спор со МПЦ. Клубот нема пари да ги исплати судските и адвокатските трошоци во висина од 450.000 денари, па утре има решение извршителите да дојдат и да го преземат клубот, напоменува претседателот и тренерот на веслачкиот клуб Климе Матилоски. Од МПЦ побаравме одговор што ќе се случува со просториите каде што повеќе од 8 децении работеше и постигнуваше успеси еден од најстарите градски спортски клубови.
Од Кичевско – дебарската епархија не информираа...
Post Views: 0
Охрид привлечна дестинација за гостите од истокот. Туристи од Јапонија, Кина, Тајван, Тајланд ова лето се шетаат низ охридските сокаци. Туристичките водичи задоволни од посетеноста на градов и од разноликоста на гости кои доаѓаат. Велат дека од април имаат тури со туристи од овие далечни земји кои го откриле Охрид како привлечна дестинација.
Самите културни вредности кои ги имаме на град кој е под заштита на УНЕСКО, околината на Охрид, самото Охридско Езеро и ретките природни убавини кои сеуште се недопрени од човечка рака се она што ги привлекува гостите од источните...
Post Views: 1
Забраната за товарни возила на планинските превои Стража и Маврово е укината и сега овие два превои се отворени за сообраќај за сите видови на моторни возила, информираат од Авто мото сојузот.
Сепак сеуште има остатоци од снег на коловозот и движењето е отежнато, па затоа се препорачува прилагодена брзина на движење на ваквите услови.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Чешма за вода и клупи во градскиот пазар, уредување на постоечкиот или изградба на нов јавен тоалет во неговите рамки, изведба на јавни тоалети во Стар град и на кејот „Македонија“, организирање на саем за занаетчиство, уредување нова градска плажа. Ова се само дел од оригиналните предлози кои охриѓани ги споделија со локалната самоуправа во рамки на „Денот на идеи“ кој се одржа на 12ти јуни. На иницијатива на градоначалникот, била формирана специјална стручна комисија која имала за задача да ги разгледа и оцени доставените предлози.
„По одржани неколку состаноци на...
Post Views: 7
Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи. Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена.
Од СВР...
Post Views: 1
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.
Post Views: 2
На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 1
Охрид годинава со зголемен број на туристи и остварени ноќевања во првиот месец од летната туристичка сезона. Ова го говорат официјалните податоци за бројот на регистрирани туристи и остварени ноќевања објавени од Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, Охрид го посетиле 21.772 туристи, а биле остварени вкупно 62.040 ноќевања. Во истиот период лани, биле регистрирани 19.519 туристи, и остварени биле 56.363 ноќевања. Овие бројки се причина за оптимизам кај Секторот за туризам и локален економски развој, бидејќи според нив, токму за месец јуни го очекувале најголемиот...
Post Views: 1
Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг. Негова цел е да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.
Младиот херој Марко одлучи да плива во чест на големиот светец, Свети Наум.
– Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави тимот што го прати подвигот на Марко.
Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 го...