Post Views: 6
Сметката на училишниот дом Ванчо Питошески оваа година останала потенка за околу 7.000 евра, пари кои во изминатите години се инкасирале од негово издавање под наем во летните месеци. Минатите години од тој приход се обезбедувале плати за вработените, се плаќале давачки за струја, вода , средствата се користеле за подобрување на сместувачките капацитети за учениците. Директорката на средното општинско училиште, Ванчо Питошески, Весела Темјаноска во чиј рамки работи и домот, вели дека ова лето не го издале домот поради проблем со термините за тендери но не можеше...
Post Views: 12
Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на финансиското...
Post Views: 5
Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна болест.
Јована има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно и се појавува. За ова девојче да може да живее како сите деца потребна е итна операција во Германија. Но за да може да го оствари сонот исполнет со здравје и радост потребни им се 10 000 евра, кои семејството за жал не може да ги обезбеди. Да помогнеме да и овозможиме на малата Јована да се радува и смее, да чекори со возбуда, да прегрнува со насмевки, бидејќи секое дете заслужува безгрижно...
Post Views: 6
Исламската држава ја превзеде одговорноста за терористичкиот напад во Париз и се закани – внимавајте Британци и Американци, вие сте следната цел.
“Почнавме со операција во Франција за која ја превземаме одговорноста”, рекол Abu Saad al-Ansari, исламски свештеник, за време на мисата во Мосул, ирачки град кој е под контрола на џихадистите, пишува Haaretz, а пренесува Washington Times.
“Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други”, продолжил радикалниот исламски свештеник. Тој додал дека предупредувањето е упатено до сите земји кои учествуваат во коалицијата предводена...
Post Views: 8
Црковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија.
Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир.
Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот.
Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана...
Post Views: 15
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект во Струга, подружница на правно лице од Елбасан Република Албанија како и против 40- годишниот управител во правното лице.
Пријавените, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село општина Дебарца, извршиле нелегална експлоатација на минерални суровини.
– Иако немале концесија односно дозвола за експлоатација на минерални суровини издадена од Министерството за економија при Владата...
Post Views: 3
Повеќе од 50 лица, меѓу кои и неофицијално 15 полициски службеници, утринава се уапсени од страна на МВР на неколку локации низ земјава.Сите уапсени одреден период организирале лажни сообраќајни несреќи за подоцна да можат да наплатат штета од осигурителните компании. Во текот на денот се очекува истите да бидат изведени пред истражен судија, а од МВР најавуваат повеќе детали за текот на денот.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати. Пет национални библиотеки во РМ, од Владата добиле обврска и можност да вршат продажба на книги од светската книжевност, врвни дела од светската филозофија, историја и психологија и едицијата на македонски искушенија, 130 тома македонска книжевност на англиски јазик.
Постои голем интерес за купување на книгите. Веднаш од кога објавивме за продажбата многу од нив беа купени. Книгите можат да се купуваат поединечно, но и во комплет. Ако се купуваат во комплет тогаш може и на десет...
Post Views: 2
Хуманитарната организација „Помош на Македонија“, од Холандија денес отпочна обиколка на охридското крајбрежје, пешки. Тие тргнаа од Радожда утрово во 8 часот. Кон холанѓаните се приклучија и добар дел од радождани не само со придружба до Струга, туку и хуманитарно, со парични средства. Со нив на првата цел до Струга, пешачеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и холандската амбасадорка Симеоне Филипини. Мерко рече дека го поздравува проектот на македонските и холандските граѓани и со задоволство се приклучил и тој. Додава, дека моментално е во добра кондиција и...
Post Views: 0
67 милиони денари е висината на последениот усвоен ребаланс на општинскиот буџет. Од оваа сума 36 милиони ќе се наменат за реконструкција на Кејот Македонија. Со оваа одлука охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџетот, обвинуваат советниците од СДСМ. Додаваат дека за 2,5 години градоначланикот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне не реализираа нити една капитална инвестиција за градот. Последниот ребаланс советниците од позицијата го донесоа на нетранспарентен начин, а од него ќе се трошат пари за реконструкција на кејот кој е во добра...
Post Views: 5
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
Краен рок за доставување на трудовите е 30.07.2021 г.;
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 06.08.2021 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари,...
Post Views: 1
Рекорден број на запишани студенти во првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Таму бележат пораст од 30 проценти запишани студенти, а според интересот кој бил покажан кај дипломираните средношколци, од универзитетот велат дека очекуваат ваквите бројки да се повторат и во останатите уписни рокови.
„Најголем интерес имаше на програмата за компјутерски науки и инженерство, тоа е таа општа програма што ја имаме, а воедно на неа имаме уште отприлика девет слободни места и тоа во квотата со кофинансирање. Значи пополнета е...