• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџет, обвинуваат советниците од СДСМ

Охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџет, обвинуваат советниците од СДСМ

Охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџет, обвинуваат советниците од СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 
сдсм

67 милиони денари е висината  на последениот усвоен  ребаланс на општинскиот буџет. Од оваа сума 36 милиони  ќе се наменат за реконструкција на Кејот Македонија. Со оваа одлука охридските советници од Вмро Дпмне изгласаа расипнички ребаланс на буџетот, обвинуваат советниците од СДСМ. Додаваат дека за 2,5 години градоначланикот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне не  реализираа нити една капитална инвестиција за градот.   Последниот  ребаланс советниците од позицијата го  донесоа на нетранспарентен начин, а од него ќе се трошат пари за реконструкција на кејот кој е во добра состојба, велат  од СДСМ.

сдсм „ Прашавме на кој начин дошле до бројката од 67 милиони денари зголемени средства предвидени од расходната ставка,  тоа се  комуналии од градежни објекти. Меѓутоа кој најавил градби и од кој извор ќе бидат комуналиите не дадоа објаснување. Приходната  страна не беше објаснета. На нашите  прашања како дошле до 36 милиони денари дека ќе изнесува реконструкцијата на Кејот останаа без зборови и не ни беше кажано, сега е доцна ако ги извадат податоците, тогаш беше времето да го дадат проектот и да кажеа како ќе изгледа кејот и како дошле до сумата од 36 милиони денари. А граѓаните нека  проценат сами дали е тоа приортитет за развој на нашиот град Охрид“, напоменуваат од СДСМ.   

Со оваа одлука на советниците од позицијата на повидок е уште еден проект со цел народните пари да завршат во приватни џебови по примерот на Скопје 2014, обвинуваат социјалдемократите. Граѓаните пак имаат потреба  од капитални инвестиции, посочуваат опозиционерите.

сдсм„ Наместо тоа овие пари можеа да се употребат за застарениот возен парк на ЈП Охридски комуналец  чија вкупна вредност на сите возила заедно е износ од 600.000 денари. Со парите можеше да се модернизира начинот на наплата на паркинзите и за спроведување на режимот за сообраќај“, кажа Стојаноски.

Повеќе од очигледно е дека граѓаните имаат поприоритетни потреби. Затоа  се  потребни   промени за реален, домаќински и долгорочен развој на градот.  Охрид да се врати во атрактивен град за живеење наместо да има највисока стапка на иселување во државата, порача Јован  Стојаноски координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top